Нема да дозволам на грбот на напатениот народ да се прави политика, безобразно да се злоупотребуваат судбините на цел еден град и да се саботира процесот на одговорност за трагичниот настан што се случи во Кочани, порача денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Од: А1он Сериозно загрижува нервозата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој од прославата на младинската организација на неговата партија, на висок тон, видно гневен продолжи да ги навредува луѓето и родителите кои секоја сабота мирно маршираат во Кочани барајќи правда за своите деца и помош за повредените, велат од СДСМ.
Премиерот Христијан Мицкоски на 34-тата годишна Конференција на УМС на ВМРО – ДПМНЕ порача дека сосема е извесна победата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека има шанси СДСМ да остане и без една освоена општина.
Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем.