Следејќи го мобилниот телефон, првата локација што ми ја покажа Гугл веднаш по исчезнувањето на ќерка ми беше една напуштена куќа на булеварот Партизански одреди во Скопје, изјави мајката на убиената Вања Ѓорчевска, Зорица Ѓорчевска, на денешното сведочење за убиствата на нејзината ќерка и на велешанецот Панче Жежовски што се случи лани во ноември.
Судскиот процес за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува со сведочењето на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, в понеделник, пренесува Канал 5. На првото рочиште, четворицата обвинети—Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов—се изјаснија за невини, а мајката на Вања побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот не го прифати нејзиниот предлог.
Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.
Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена лани во ноември и роднини на убиениот Панче Жежовски треба да сведочат на судското рочиште за двојното убиство коешто е закажано за в понеделник.