Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
14
24.55
26.45
2.09/0.97
14.00
6.03
0.43
1393.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 14
20 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 412.2
Best clustering variants
20 0.99/0.01 2 412.2
A1on

Констатирано е дека склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје има контрадикторни одредби, не е заверен на нотар, не содржи таксативно кои права и обврски се предаваат и што всушност се предава, а договорот и решението за реконструкција од 22 март годинава издадено од општина Центар, не се запишани во Катастарот на недвижности.

На Министерството за култура не му биле пренесени во целост правата и обврските согласно закон (за втора фаза од реконструкцијата). – Министерството за култура и туризам условно исполнил само еден од двата кумулативни законски услови предвидени во член 70 од Законот за градење, за да може да се стекне со статус на инвеститор, а тоа е: со склучување на посебен договор помеѓу претходниот и новиот инвеститор, да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го исполнил и вториот законски услов, а тоа е да биде носител на правото на градење, рече Љутков, додавајќи дека постапките по јавни набавки кои се распишани и спроведени од страна на поранешното раководство на Министерството за култура и туризам, имајќи ги во предвид констатираните недостатоци и пропусти во постапката Министерството за култура да има статус на инвеститор на реконструкцијата, се поништени. A1on

Plusinfo

Осврнувајќи се на сработеното во првите 100 дена од работењето, министерот рече дека затекнале состојба на долгови за неисплатени плати за културните работници, девастирани и неосигурани институции со раководства без стратегија, проекти без утврдени приоритети и динамика на реализација, скратени средства за програмски активности и неисплатена чланарина за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK. – Оваа година Министерството за култура и туризам како последица на неефикасното и недомаќинско работење ќе плаќа поскапа струја бидејки предходното раководство повеќе се грижело за набавка на куфери отколу за навремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, која требало да биде спроведена во април годинава – рече Љутков.

Според Љутков, се работи на продолжување на стопираните или заглавени проекти како што се реконструкцијата на Музејот на Македонија, изградбата на театарот во Струмица, изградбата на Турскиот театар и на Театарот и библиотеката во Тетово и реконструкцијата на Театарот во Куманово…. – Почната е и реконструкцијата на Музејскиот комплекс „Музеј на вода“ во Охрид каде е доекипиран кадарот и извршена е реконструкција на оштететниот систем за надводнување, а за следната година се планира санација на платформата на наколната населба и на покривните покривки на колибите. Plusinfo

Republika

Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“.

Затоа, со ребалансот на буџетот се обезбедени дополнителни средства во износ од 414.781.000,00 денари, од кои: со 273 милиони денари е регулиран долгот по основа на неисплатени плати во согласност со колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и обезбедени се средства за регрес за локалните установи; 6 милиони денари за осигурување на институциите; дополнителни 71 милион денари за програмски активности; 5,5 милиони денари за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK; 78,5 милиони денари за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи. Republika