Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар се подготвува за реванш дуелот против Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига и попладнево го одржа првиот тренинг по пристигнувањето во Римини каде е базата пред мечот в четврток.
ЕКИПА во Сан Марино Горан Бошев Сан Марино, мала земја во срцето на Апенините, која е независна од Италија, и во која Вардар во четврток со почеток во 21:00 часот ќе го одигра реванш мечот против Ла Фиорита во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на Конференции.