Под ниво останала стапката на вакцинација кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година, покажуваат податоците за опфат со имунизација што денеска ги објавија Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.
Стапката на вакцинацијата кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година останала под нивото од пред пандемијата, покажуваат податоците за опфат со имунизација што денеска ги објавија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ Според извештајот, 89 отсто од новороденчињата во светот примиле најмалку една доза од вакцината DTP (против дифтерија, тетанус и пертусис), а 85 отсто ги примиле сите три дози.