1 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Nov 17:52 -> 08-Nov 16:12
.
.
.
.

Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино

  • Чекајќи го гасот: Има ли иднина за ТЕЦ „Неготино“

ОВР Неготино до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино осомничен за кривично дело „демнење“.

Кога работи, произведува скапа струја и ја загадува околината, а кога не работи создава трошоци бидејќи се чува како ладна резерва за нашиот подзастарен електроенергетски систем.

3 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Nov 07:24 -> 08-Nov 15:39
.
.
.
.

(Видео) Минчев: Со академија за јавна администрација ќе ги доквалификуваме неквалитетните административци

  • СДСМ: Минчев потврди дека ЗНАМ е никој и ништо во Владата на Мицкоски

  • Состанок на Секторската група за Реформа на јавната администрација

Некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, е варијанта за која се залага министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој на денешната прес-конференција рече дека можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата.

Денешната прес конференција на министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Мицкоски, велат од СДСМ.

Во рамки на годишните активности за унапредување на јавната администрација, Министерството за јавна администрација ќе одржи состанокот во Владата на Секторската работна група за Реформа на јавната администрација.

5 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Nov 19:29 -> 08-Nov 15:36
.
.
.
.

Николоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа, а средбата говори и за личниот авторитет на премиерот

  • Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

  • Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат

  • По средбата со Макрон, Мицкоски оптимист за иднината на Македонија во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во Будмпешта на самитот на Европската политичка заедница имаше многу значајна средба со претседателот на Франција Емануел Макрон, којшто во моментов практично станува лидер на Европа, имајќи предвид дека Владата во Германија е пред пад и дека извесно е дека не подоцна од март 2025 година таму ќе има избори, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посета на Штип, одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот Христијан Мицкоски кој учествува на состанокот на Европската политичка заедница, во Будимпешта, на својот Фејсбук профил напиша: „На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката која како што е објавено од Елисејската палата.

Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО.

9 (24) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Nov 12:20 -> 08-Nov 15:50
.
.
.
.

Фетаи во Брисел на средба со европратеникот Ваитз: Повеќе нема дилеми дека балканските земји треба да се зачленат во ЕУ

  • „Куршум во глава за тебе шипо“, пристигнало на мејлот на вицепремиерот Фетаи

  • Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

Во Европската Унија повеќе нема ниедна дилема дека земјите од Западен Балкан треба да станат членки на ЕУ. Ова е став на европратеникот и известувачот за Македонија во Еврпопскиот парламент, Томас Ваитз, искажан на средбата во Брисел со pотпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи.

Арбен Фетаи, вицепремиерот за добро владеење и транспарентност,вчера објави дека на службениот мејл добил смртна закана и случајот го пријавил во МВР.

Вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана.

11 (6) ■ вести > македонија ■ 08-Nov 14:31 -> 08-Nov 15:42
.
.
.
.

▷ Николовски: Унапредување на соработката со Армијата

  • Николовски: Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите

Унапредување на соработката со Армијата за побрз прием на опремата потребна за зајакнување на капацитетите Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

„Царинската управа на дневна основа ќе се координира и ќе комуницира со службите на Армијата се со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила Stryker што на Армијата и се потребни се со цел зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО”, истакна директорот на Царинска управа Бобан Николовски, на настан организиран во рамки на посетата на тимот за одбранбена стратегија на САД од ISG (Institute for security governance). Николовски во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД во нашата земја, Ангела Агелер, присуствуваа на брифинг на кој од страна на заменик командантот на Прва пешадиска бригада, полковник Стеван Наумоски беше презентиран процесот за воведување во оперативна употреба на лесните оклопни возила „Stryker“ во рамките на Армијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија