Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои четворица за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, додека двајца за злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело двојно убиство од одмазда и по порачка. Nezavisen
Анализирајќи ја комуникацијата од апликацијата Скај за преземање на дрогата од Албанија јасно е дека косоварот е обвинетиот Севди Азири кој ја пренел дрогата од Албанија, изјави Јанчулова Михаиловска.
Од јуни 2019 до март 2021 година Шеваљ Муареми и други н.н. лица недостапни на органите на прогон формирале и раководеле со група за транспорт и неовластено пуштање во промет на дрога во Македонија. A1on
Од јуни 2019 до март 2021 година водачот на групата Шеваљ Муареми и други н.н. лица недостапни на органите на прогон формирале и раководеле со група за транспорт и неовластено пуштање на дрога во промет во Македонија.
Групата договорила набавка на 14 килограми кокаин од Албанија, по цена од 33.000 евра за килограм и потоа организирала транспорт преку Косово во Македонија. Plusinfo
При објава на пресудата, судијката рече и дека убиството е дел од поголем криминален план за убиство на лица што им пречат и за што е потврда фактот дека жртвата е рационално и свесно одбрана.
„Тие свесно одлучиле и останале на одлуката за двојното убиство, што е одлика на криминалната група. 360stepeni
Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување и 14 години затвор за делото Убиство или на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци.
Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од две години за кривичното дело Злосторничко здружување и 14 години за делото Убиство или на една единствена казна затвор од 15 години. Nezavisen
Шест члена на криминалната група од Грчец, кои беа уапсени во јануари минатата година, добија вкупно 50 и пол години казна затвор, пренесува МИА. 360stepeni
Дилерите добија по 5 односно 6 години затвор, а убијците по 14 години затвор, за две убиства.
Шестмината криминалци беа уапсени во јануари минатата година. Plusinfo