1 (31) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Oct 19:18 -> 22-Oct 20:15
.
.
.
.

Николоски – Стилинидис: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти

  • Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата

  • Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа

  • Николоски на средба со грчкиот колега Стакурас: Регионалната соработка и квалитетно поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде што оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи.

Започнавме структурни реформи во сите сектори.

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на коридор 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра.

5 (24) ■ вести > македонија ■ 22-Oct 12:05 -> 22-Oct 16:43
.
.
.
.

Директорката на болницата „Козле“ за случајот со починатото 14-месечно бебе: Не е најден никаков лекарски пропуст во третманот

  • Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле

  • ДОБРО Е ШТО КЛИНИКАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ПРЕЗЕМА ОДРЕДЕН ЧЕКОР: Таравари за случајот со починатото 14 месечно бебе

Д-р Каролина Симоновска – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека „формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст“.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

6 (12) ■ вести > македонија ■ 20-Oct 14:54 -> 22-Oct 18:26
.
.
.
.

Посебен режим на сообраќајот во четврток во Скопје, доаѓа Урсула фон дер Лајен

  • Посебен сообраќаен режим во четврток во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во четврток поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 24.10.2024 (четврток) поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

8 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Oct 16:42 -> 22-Oct 15:25
.
.
.
.

ДУИ: Лоша вест за земјата е одвојувањето на Албанија од евроинтеграциите, уставните измени да се случат час поскоро

  • Ахмети го свика Централното Претседателство на состанок

  • ДУИ одлучи да има отворени седници на претседателството со граѓани

  • Бојан Христовски на чело на АНБ е избор на премиерот, немаме доволно информации за него – вели Таравари

Демократската Унија за Интеграција на вчерашното Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство ги анализирале за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети за утре свика состанок на Централното Претседателство.

По завршувањето на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција ДУИ, портпаролот Арбр Адеми информираше за заклучоците.

На чело на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) не смее да биде партиски човек, но за Бојан Христовски немам доволно информации, вели министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Таравари вели дека не бил консултиран и дека изборот на директор на АНБ е на премиерот Христијан Мицкоски.

10 (8) ■ вести > македонија ■ 22-Oct 16:11 -> 22-Oct 19:48
.
.
.
.

Обвинителот Биковски кој го водеше „Пуч“ и против кого имаше постапка за 27-ми април унапреден во републичко, Јолевски во Вишо во Битола

  • Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство, во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи

Обвинителот Златко Биковски кој беше еден од тројцата обвинители за кои се водеше дисциплинска постапка за тоа што како обвинител не презел дејствија за 27 април 2017 година, кога се случи „крвавиот четврток“ е унапреден во републичкото обвинителство заедно со Валентина Стојановска.

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги избрал јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

11 (64) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Oct 10:03 -> 22-Oct 17:37
.
.
.
.

Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ – добиле анонимна претставка

  • СДСМ: Бојан Христовски е личен избор на Мицкоски – партизацијата на АНБ ја потврди и Таравари

  • СДСМ: Лаже ли Бојан Христовски во биографијата? Нема TOEFL центар во Бугарија

  • ▷ Антикорупциска отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Неполна недела по именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) веќе стигнала анонимна претставка во која се оспорува законитоста на неговото именување.

СООПШТЕНИЕ . Извор: МИА.

Назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција.

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), стигнала до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Претседателката на комисијата, Татјана Димитровска, рече дека претставката се однесува на наводи за незаконско именување и оформен е предмет.

Повеќе од
оваа категорија

32 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Oct 15:19 -> 22-Oct 16:42
.
.
.
.

ГРЦИ, ВЛОЖУВАЈТЕ КАЈ НАС, ДОГОДИНА ЌЕ БИДЕМЕ БРОЈ 1 НА БАЛКАНОТ! Силна порака на вицепремиерот Николоски во Солун

  • Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот Николовски од форумот во Солун упатил покана до грчките компании да инвестираат кај нас Покана до грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА од Атина.