Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
35.33
23.77
0.80/0.91
8.00
3.96
0.49
771.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 102.7
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 102.7
Republika

Советот на јавните обвинители денеска за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги избрал јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски, а за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Како што соопштуваат од СЈОРМ, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола е избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, а за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавната обвинителка Наташа Крстева Цалева, Понатаму на денешната, трета седница, како што дополнуваат од СЈОРМ, се донела одлука за мирување на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола на Ирина Трајкоска Стрезоски поради избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се донела одлука за номинирање на членот на Советот – Зорица Павловиќ за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители. Republika

19:48 h 22-Oct-2024
  • Обвинителот Златко Биковски кој беше еден од тројцата обвинители за кои се водеше дисциплинска постапка за тоа што како обвинител не презел дејствија за 27 април 2017 година, кога се случи „крвавиот четврток“ е унапреден во републичкото обвинителство заедно со Валентина Стојановска.
  • ◉ Обвинителот Биковски кој го водеше „Пуч“ и против кого имаше постапка за 27-ми април унапреден во републичко, Јолевски во Вишо во Битола
19:29 h
  • Обвинителот кој беше еден од тројцата обвинители за кои се водеше дисциплинска постапка за тоа што како обвинител не презел дејствија за 27 април 2017 година, кога се случи „крвавиот четврток“ е унапреден во републичкото обвинителство заедно со . Тој беше обвинител во случајот „Пуч“ во кој обвинет беше поранешниот премиер, и поранешниот разузнавач за нелегалното прислушување, предмет во кој им се судеше ним и поранешните вработени во УБК, кои го открија скандалот за нелегалното прислушување.
  • Обвинителот Биковски кој го водеше „Пуч“ и против кого имаше постапка за 27-ми април унапреден во републичко, Јолевски во Вишо во Битола
16:11 h
  • Во ОЈОГОКК ќе се придружат Хаџи Василева и Азизи.
  • Стојановска и Биковски избрани за Републичко обвинителство
Fokus

„Фокус“ пишуваше дека Јолевски сака да стане обвинител во Вишото обвинителство Битола, но без оценување, иако беше најгласен дека обвинителката не може да напредува во Вишото обвинителство бидејќи била на трудничко отсуство, но и затоа што немале извештај за неа за последните четири години, иако застапуваше предмети од поранешното Специјално обвинителство кои потоа ги презеде редовното обвинителство и беше обвинител за врска во „Европравда“.

Тој кај Ристоска виде недостаток на работа по различни предмети, не напредувала во работата, но бараше тој да биде унапреден од основното во Вишото обвинителство Битола и за него ќе важат одредби од Законот за јавно обвинителство и Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, според кои, тој автоматски ќе биде позитивно оценет, иако во годините додека бил член на Советот на јавни обвинители не работел на судски предмети. Fokus