1 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Apr 10:21 -> 28-Apr 10:55
.
.

Уапсен тетовец, на место каде е дозволено 50 тој „летал“ со 111 км/ч

  • Приведен возач од Тетово, возел 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Вчера во 16:10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полицијата го уапсила 49-годишниот Н.Л поради брзо возење.

На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час.

11 (7) ■ вести > македонија ■ 28-Apr 07:04 -> 28-Apr 09:24
.
.
.
.

Нова авиолинии од Скопје за Лион и за Барселона

  • ТАВ Македонија и Виз Ер ќе информираат за авиолиниите од Скопје до Лион и Барселона

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто според претходните најави, треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

Генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт и Андраш Радо, раководител за комуникации во „Виз ер“ денеска на прес-конференција ќе информираат за новата авиолинија од Меѓународниот аеродром Скопје до Лион, како и за повторното воведување на летот од Скопје за Барселона, коишто споредпретходните најави треба стартуваат на 3.ти следниот месец.

14 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 28-Apr 09:17 -> 28-Apr 10:00
.
.
.

НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

  • Земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

Повеќе од
оваа категорија

34 (7) ■ спорт > фудбал ■ 26-Apr 20:11 -> 27-Apr 20:34
.
.
.

Манчестер Сити е во финалето на ФА Купот на Англија

  • Астон вила немаше решение за Сар, Кристал Палас прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити сепак ќе се бори за трофеј оваа сезона откако „граѓаните“ се пласираа во големото финале на ФА Купот, откако попладнево на „Вембли“ славеа во полуфиналната пресметка против Нотингем Форест со 2-0. Нотингем има сезона од соништата во Премиер-лигата, но „шумарите“ попладнево беа шокирани по нецели две минути колку што им требаше на „граѓаните“ да поведат со 2-0. Поради ова „црвено-белите“ мораа да го променат пристапот, да ја отворат својата игра повеќе од вообичаено, но сепак се мачеа да го загрозат голот на Сити.

Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0. Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.

67 (5) ■ спорт > македонија ■ 27-Apr 10:49 -> 27-Apr 17:08
.
.
.

За Кочани: Пандев, Најдоски и Шаќири против Стоичков и Костадинов – фудбал Македонија против Бугарија

  • Фудбалски легенди на Македонија и Бугарија денеска на хуманитарен натпревар за Кочани

Хуманитарниот натпревар е во организација на бугарската Фондација „Национали 94“, зад која стои славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година Фудбалските репрезентации на Македонија и Бугарија денеска во Варна ќе одиграат хуманитарен натпревар, а целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Хуманитарен натпревар меѓу репрезентации составени од фудбалски великани на Македонија и Бугарија ќе се одигра денеска во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Повеќе од
оваа категорија

15 (4) ■ бизнис > македонија ■ 28-Apr 09:12 -> 28-Apr 09:47
.
.
.
.

Божиновска и Бислимоски ќе учествуваат на Енергетски самит во Атина

  • Божиновска на Балканскиот Енергетски Самит во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит во Атина, Грција, кој се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит во Атина, Грција, кој се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија.