1 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Oct 18:00 -> 10-Oct 09:40
.
.
.
.

Митева: По моето назначување за портпарол на Владата, поднесов неотповиклива оставка од функцијата пратеник

  • Откако ја нападнаа дека е пратеник и портпарол, Митева објасни

Новата портпаролка на Владата, Марија Митева по реакциите во јавноста за нејзиното извршување на две функции истовремено како портпарол и пратеник преку објава на „Фејсбук“ посочува дека веднаш по нејзиното назначување за портпарол на Владата поднела писмена неотповиклива осавка од функцијата пратеник.

Откако новоизбраната портпаролка на Владата, Марија Митева беше поставена на таа фунција, се крена прашина во јавноста заради нејзиниот мандат како пратеничка.

6 (36) ■ вести > свет ■ 08-Oct 12:21 -> 10-Oct 09:07
.
.
.
.

(ВИДЕО) Ураганот Милтон пристигна на Флорида, уништени се цели населби, а има и загинати

  • (ФОТО+ВИДЕО) Ураганот на векот доаѓа во САД, патиштата се блокирани, снема бензин: „Кој ќе остане, ќе умре“

  • (Видео) „Бегајте или ќе умрете“, прашање на „живот или смрт“ – драматични предупредувања во САД во исчекување на ураганот Милтон

  • ТРКА СО ВРЕМЕТО ВО ФЛОРИДА: Милион луѓе бегаат пред ураганот „Милтон“ (ВИДЕО)

Ураганот Милтон на Флорида пристигна околу 2 часот по полноќ по локално време, со ветрови од 200 километри на час.

Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години.

Делови од Соединетите Американски Држави се на нозе.

Милтон, ураган од четврта категорија, денеска продолжи да се приближува до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на САД.

7 (35) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 10:07 -> 09-Oct 15:21
.
.
.
.

Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци

  • Мисајловски предупредува: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе се рефлектира и кај нас

  • Раскинат договорот со кетеринг-компанијата од чија храна се затруле над 60 припадници на Армијата

  • Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година

Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа.

Еднострано е раскинат договорот со кетеринг-компанијата што ги снабдуваше со оброци вработените во Амријата, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, и додаде оти договорот бил полн со недостатоци.

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

8 (54) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Oct 00:50 -> 09-Oct 19:07
.
.
.
.

Кога ќе се создадат услови, граѓаните и Собранието ќе бидат информирани за решението кое Владата го договара за евроинтеграциите, вели Митева

  • Филипче: Муртезани секој ден го демантира Мицкоски, бараме итна затворена седница

  • КРОИМЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ Кога ќе биде готово, ќе го откриеме

  • СДСМ: Се чека одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција

Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.

Помеѓу премиерот Мицкоски и министерот за европски прашања Муртезани има спротивставени изјави за интересот во Брисел за уставни измени со одложено дејство, таа конфузија треба да се расчисти во Собрание, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Владата ќе преземе обврска да го извести со писмо Собранието за новите предлози за продолжување на евроинтеграциите кои треба да ги достави во Брисел, откри портпаролката Марија Митева денеска на прес-конференција.

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија.

12 (53) ■ вести > свет ■ 08-Oct 06:30 -> 09-Oct 21:11
.
.
.
.

Владин извор тврди дека Хезболах се согласи за прекин на огнот во Либан пред Израел да го убие лидерот Насрала

  • Нетанјаху: Го отстранивме Хасан Насралах и двајцата негови наследници

  • ПРИВРЕМЕНИОТ ЛИДЕР НА ХЕЗБОЛАХ: Ги поддржуваме плановите за прекин на огнот со Израел

  • Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената

Хезболах ги известил либанските власти дека прифатил прекин на огнот со Израел на денот кога во израелски напад беше убиен нивниот лидер Хасан Насрала, изјави владин извор за француски медиуми.

Милитантите на Хезболах денеска истрелаа артилериски гранати и ракети врз израелските војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Привремениот лидер и заменик на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, Наим Касем денеска изјави дека групата ги поддржува напорите и плановите за прекин на огнот во конфликтот со Израел долж либанско-израелската граница.

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

13 (41) ■ вести > свет ■ 08-Oct 08:30 -> 10-Oct 09:31
.
.
.
.

Трамп одби уште една дебата со Харис пред претседателските избори во САД

  • Нова шокантна изјава на Трамп: Меѓу имигрантите во САД има многу лоши гени

  • Најнова анкета на Ројтерс/Ипсос: Харис води со 3 процентни поени пред Трамп

  • Харис: Нема средба со Путин без претставник на Украина

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп изјави дека нема да води уште една предизборна дебата со американската потпретседателка и кандидатка на демократите Камала Харис.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека во САД има „многу лоши гени“.

Потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп со три поени, 46 отсто спрема 43 отсто, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

138 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

123 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 12:26 -> 10-Oct 09:24
.
.
.
.

▷ Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул

  • Концерт на женскиот хор „Менада“ во Истанбул по повод 11 Октомври

По повод државниот празник 11 октомври – Денот на македонското востание, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

188 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.