Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
54
4.89
16.68
20.24/0.94
54.00
9.85
0.18
5034.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 54
88 ■ 0.99/0.01 ■ 6 ■ 843.2
Best clustering variants
88 0.99/0.01 6 843.2
19:07 h 09-Oct-2024
  • Претседателот на СДСМ Венко Филипче повторно повика на затворена собраниска седница да се расправа за плановите и чекорите на Владата за евроинтегратините процеси.
  • ◉ Филипче повторно повикува на затворена седница – Владата без одговор, го подготвувал писмото до институциите во Брисел
12:10 h
  • Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во Владата има спротивставени ставови за евроинтегративните процеси на Македонија и тоа е уште поголема причина за собраниска седница на која премиерот Мицкоски треба да ги каже плановите на Владата за напредокот на земјата.
  • Филипче: Муртезани секој ден го демантира Мицкоски
12:00 h
  • СДСМ секојдневно демонстрира конструктивност во однос на евроинтегративниот пат на државата, истакна лидерот на партијата, Венко Филипче, во својата последна изјава.
  • Филипче: Mора да се одблокира ЕУ интеграцијата
11:43 h
  • Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во својата последна изјава истакна дека Владата се наоѓа во состојба на конфузија и бесперспективност поради спротивставените изјави меѓу премиерот Мицкоски и министерот Муртезани.
  • Филипче: Владее бесперспективност заради спротивставените изјави на Мицкоски и Муртезани
09:50 h 08-Oct-2024
  • Владата сака да бидеме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ повторно со барање за затворена собраниска седница за евроинтеграциите.
  • Владата сака да бидеме дел од ЕУ, но не по секоја цена
09:32 h
  • Изминативе денови поминаа 100 дена Влада.
  • 100 дена Влада: Што е затекнато, што е направено?
00:50 h
  • Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.
  • Мицкоски: Преговарањето со ЕУ не значи членство
Civilmedia

Нано Ружин Професорот вели – факт е дека по големото заокружување и отстапуање од патот кон Европската Унија со методи кои се надреалистични и нереални од страната на владата, ја изгубивме таа енергија и тоа постапно приближување кон Европската Унија со оглед дека не ја направивме обврската која што ни беше наметната, да влезат македонските Бугари во преамбулата на Уставот заедно со останатите етнички заедници кои не се дел од таа преамбула.

Сега тоа ни се врати како бумеренг и секој што малку се разбира во европските интеграции, можеше да претпостави дека не доаѓа предвид никакво повторно преговарање и со Бугарија, и со Европската Унија, затоа што тоа е сериозно прашање, сериозна одлука зад која стои Европската Унија и не може тоа како еден вид форма на трговија да се договара и преговара за нешто што е веќе потпишано како договор. Civilmedia

Sitel

Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме - уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.

Портпаролката на ЕК за проширување, соседска политика и меѓународни партнерства Ана Писонеро на 27 септември изјави дека ставот на Европската комисија е многу јасен и дека таа со нетрпение очекува почеток на преговорите по Кластерот „Основи вредности“ што е можно поскоро и со Албанија и со Северна Македонија, откако земјава „ќе ги исполни релевантните критериуми договорени со Советот“ на ЕУ. Таа додаде дека тие „релевантни критериуми“ ги опфаќаат уставните амандмани за вклучување на Бугарите во Уставот, нагласувајќи дека Европскиот совет ја повика земјава да го забрза спроведувањето на овие измени. Sitel

Denesen

Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме.“, потенцираше тој.

Мицкоски: Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија. Denesen