1 (9) ■ спорт > боречки спортови > бокс ■ 19-Jul 18:39 -> 20-Jul 22:50
.
.
.
.

Александар Усик испиша историја – кој ќе биде неговиот следен ривал?

  • Усик го патосираше Дубоа и потврди дека е недопирлив шампион (Видео)

Украинскиот боксер Александар Усик влезе во историјата како првиот човек што успеал да ги обедини сите шампионски титули во тешка категорија по вторпат во професионалниот бокс.

Олександр Усик по вторпат во кариерата стана апсолутен шампион во тешка категорија, откако по вторпат успеа да го добие Даниел Дубоа на борбата која се одржа во Лондон.

3 (5) ■ вести > македонија ■ 19-Jul 19:48 -> 20-Jul 09:30
.
.

ЦУК: 5 активни пожари на отворен простор

  • ЦУК: Четири активни пожари во земјава, пет под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека до 08:00 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 2 се под контрола и 22 се изгаснати.

На територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои: 4 активни 5 под контрола 18 изгаснати АКТИВНИ: 4 1. Општина Василево: с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и сува трева) 2. Општина Македонски Брод 1: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација) 3. Општина Македонски Брод 2 (реактивиран): помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) 4. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација) ПОД КОНТРОЛА: 5 1. Општина Желино: с. Желино према Еребино (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација) 2. Општина Македонски Брод: с. Слатина (смрека, сува трева и друга ниска вегетација) 3. Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума) 4. Општина Свети Николе: с. Орел – с. Ѓуѓанци (смреки и ниска вегетација) 5. Општина Старо Нагоричане: с. Орах (сува трева) ИЗГАСНАТИ: 18 1. Студеничани: Горно Количани (ѓубре и сува трева) 2. Бутел: кај гробишта Бутел (сува трева) 3. Сарај: на обиколница Сарај (ѓубре и сува трева) 4. Кисела Вода: ул. Сердарот (ѓубре и сува трева) 5. Крушево: Градска депонија (ѓубре) 6. Демир Хисар: Градска депонија (ѓубре) 7. Ресен: помеѓу с. Прељубље и с. Покрвеник (ниска вегетација) 8. Дојран: с. Николич (нискостеблеста шума) 9. Струга: с. Ложани (нива со жито и стрниште) 10. Свети Николе: с. Немањици (ниска вегетација и фотоволтаици) 11. Штип: с. Аргулица (сува трева) 12. Кочани: с. Мојанце (стрниште) 13. Куманово: с. Четирце (ниска вегетација) 14. Липково: с. Ваксинце (сува трева) 15. Тетово: Фалише (ниска вегетација) 16. Брвеница: с. Теново (депонија) 17. Гостивар 1: с. Дебреше (ниска вегетација) 18. Гостивар 2: с. Врањевци (ѓубре, багрем и ниска вегетација).

13 (30) ■ вести > свет ■ 18-Jul 07:56 -> 19-Jul 19:30
.
.
.
.

Трамп го тужи медиумскиот тајкун Руперт Мардок и „Wall Street Journal“ – им бара 10 милијарди долари

  • ВСЏ: Трамп му пишал на Епштајн во 2003 година, нацртал гола жена: „Нека секој ден биде прекрасна тајна“

  • Волстрит журнал: Писмото за роденденот до Епстајн го носеше потписот на Трамп, цртеж на гола жена

  • ТРАМП ПОД ПРИТИСОК ЗА СЛУЧАЈОТ ЕПСТАЈН Бара обвинителката да ги открие релевантните транскрипти на големата порота

Американскиот претседател Доналд Трамп го тужи „Волстрит џурнал“ (WSJ) и неговите сопственици, вклучувајќи го и медиумскиот магнат и милијардер Руперт Мардок, барајќи најмалку 10 милијарди долари отштета.

Волстрит журнал денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година, на што американскиот претседател одговорил дека писмото е лажно.

Колекција писма што му биле подарини на Џефри Епстајн за неговиот 50-ти роденден во 2003 година вклучувала белешка со името на Доналд Трамп и контура на гола жена, според извештај на „Волстрит џурнал“ објавен во четврток.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ѝ наложил на американската државна обвинителка Пам Бонди да достави „релевантно“ сведочење поврзано со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн.

Повеќе од
оваа категорија

15 (20) ■ спорт > градот ■ 18-Jul 10:16 -> 20-Jul 10:00
.
.
.
.

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Почнува ЕМОФ Скопје 2025

  • ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл

  • Денеска претставување на младите македонски олимпијци, учесници на „ЕМОФ Скопје 2025“

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 ќе започне вечер со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

Во недела, 20 јули, со почеток во 20:30 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, свечено ќе биде отворен најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија – Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Европскиот младински олимписки фестивал е водечки мултиспортски настан за европски млади спортисти на возраст од 14 до 18 години.

Повеќе од
оваа категорија

140 (4) ■ бизнис > економија ■ 18-Jul 12:54 -> 18-Jul 15:27
.
.
.
.

РЕКОРДНИ 8,1 МИЛИОНИ ЕВРА СОБРАНИ ОД КОНЦЕСИИ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ Се очекува наплата и од опоменатите концесионери

  • Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигнала рекордни 260.379.123 денари или 4,2 милиони евра што претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога биле наплатени 133.576.534 денари или 2,1 милиони евра.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123 денари.

142 (4) ■ бизнис > култура > политика ■ 18-Jul 12:17 -> 18-Jul 13:44
.
.
.
.

Љутков во Рим: Балканот има шанса да стане обединета дестинација

  • Љутков на министерски форум за туризам во Рим

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“), што денеска се одржува во Рим, Италија.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во Рим учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ („Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum“). Италијанското Министерство за туризам како иницијатор на форумот, соопшти дека целта е да се вклучи туризмот во пошироката стратегија за зајакнување на присуството на Италија во балканскиот регион и поддршка на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, во соработка со другите земји-членки на ЕУ во регионот.

145 (4) ■ бизнис > економија > политика ■ 18-Jul 11:10 -> 18-Jul 12:20
.
.
.
.

Трипуновски: Раст од 50% на извозот на земјоделски производи

  • Политиките во земјоделството во вистинска насока, сериозен раст на извозот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски смета дека денеска објавените статистички податоци за извозот на земјоделски производи се јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и дека во иднина земјата не само што ќе ги задоволува домашните потреби, туку и ќе го зголемува извозот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски смета дека денеска објавените статистички податоци за извозот на земјоделски производи се јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и дека во иднина земјата не само што ќе ги задоволува домашните потреби, туку и ќе го зголемува извозот.