Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Лицето повредено при денешната експлозија во скопска Ќерамидница е надвор од животна опасност, вели Небојша Настов, директор на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во изјава за „360 степени“.
Бомбата која утрово експлодираше во двор во скопската населба Керамидница, предизвика сериозна вознемиреност, бидејќи го повреди Раде Трајковски – Штекли, кој беше пренесен во болница.
Едно лице е повредено откако утрово во 9:20 часот во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.