Она што го затекнав беше катастрофа од многу аспекти, од функционалноста на работењето на Министерството, состојбите во коишто се наоѓавме како Министерство, и кога ќе начекате таква круцијална институција во таква состојба каква што ја начекав јас, тешко е да дојдете до вистински резултати што треба да резултираат со борба прортив висоиката корупција и организираниот криминал… Но за среќа, мислам дека тоа е и на очиглед на јавноста, покажавме дека дури и за овој краток временски период и со овие ресурси со кои располагаме, покажавме дека можеме да видиме еден одлично сработен предмет каде што еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители повеќе не се дел од еден рекетарски систем којшто институционално си го граделе многу години наназад, и со правосилна пресуда, повеќе не се дел од институциите и нема да ги рекетираат македонските граѓани во иднина, посочи Тошковски. Republika