1 (7) ■ вести > свет ■ 10-May 11:05 -> 10-May 20:24
.
.
.
.

Кремљ: По повикот за прекин на огнот, изјавите на европските челници се конфронтирачки

  • ПЕСКОВ: Русија ќе го разгледа предлогот за 30-дневен прекин на огнот во Украина

Кремљ во саботата ги обвини европските земји за контрадикторни и конфронтирачки изјави, откако европските челници го поддржаа американскиот план за 30-дневно примирје во Украина и ѝ се заканија на Русија со „огромни“ санкции доколку не го почитува планот.

Русија ќе разгледа предлог за 30-дневен прекин на огнот во Украина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

3 (46) ■ вести > свет ■ 08-May 08:17 -> 10-May 20:14
.
.
.
.

Трамп се огласи: Индија и Пакистан се согласија на примирје

  • Индија и Пакистан воспоставија први контакти, според медиуми

  • Експлозии во индискиот дел на Кашмир,неколку часа по објавеното примирје меѓу Индија и Пакистан

  • Најмалку 13 цивили загинаа во Кашмир за период од 12 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на прекин на огнот.

Индија и Пакистан ги остварија своите први контакти откако избувна кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија.

Експлозии се слушнаа во Шринагар, главен град на делот од Кашмир контролиран од Индија, неколку часа откако Њу Делхи и Исламабад се согласија за прекин на огнот.

Најмалку 13 цивили беа убиени во пакистанскиот дел од Кашмир во 12-часовна размена на оган меѓу индиските и пакистанските сили по воената акција на Исламабад против Индија во раните утрински часови, соопшти регионалната служба за вонредни ситуации.

7 (79) ■ вести > македонија > политика ■ 08-May 08:20 -> 10-May 17:32
.
.
.
.

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како тврди дека тој е иднината

  • Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

  • Филипче: Владејачката коалиција е осудена на неуспех, прашање на време е кога ќе се распадне

  • ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница.

Соопштение на СДСМ: Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи ги односите во владејачката коалиција вели дека таа не се темели на никакви вредности и нема никаква идеја и визија како да ја води државата напред.

Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници.

8 (13) ■ вести > македонија > хроника ■ 10-May 12:01 -> 10-May 17:02
.
.
.
.

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

  • ТОШКОВСКИ: Истрагата за трагедијата во Кочани се уште трае, се обираат докази и се сослушуваат сведоци кои се поврзани со пожарот во Пулс

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на сведоци коишто се поврзани со кривично правниот настан, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање дали има нови моменти околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во којшто животите ги загубија 62 млади луѓе.

9 (50) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 19:36
.
.
.
.

Дуковски: Да се цени фактот што Васил ја призна вината и изрази најдлабоко можно каење

  • Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај

  • Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

  • Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Треба да се цени секој потег во врска со изрекувањето на казната, особено мора да се цени во духот на законот, фактот што Васил Јованов придонесе за ефикасно завршување на постапката и ја призна вината, беше кооперативен и соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење, изјави бранителот на Васил, адвокатот Сашко Дуковски за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов.

Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина за делото.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

11 (47) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 08:47 -> 10-May 23:59
.
.
.
.

30 дена притвор за осомничените Турци за убиството во Штип

  • Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

  • Турски државјанин уби странски државјанин во Штип

  • Штипското обвинителство побара притвор за петте турски државјани што учествуваа во убиство

Штипското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица за убиството кое ја потресе јавноста.

Во штипскиот Основен суд пред судија на претходно постапка вечерва се спроведени пет лица, кои се инволвирани во синоќешното убиство на 25 годишниот странски државјанин во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Полицијата го уапсила турскиот државјанин кој избега ноќеска откако со пиштол застрела и уби друг странски државјанин во Штип, соопшти Основното јавно обвинителство Штип.

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

29 (7) ■ бизнис > македонија ■ 10-May 10:14 -> 10-May 11:30
.
.
.
.

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки

  • Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија.

123 (5) ■ бизнис > економија ■ 09-May 13:47 -> 09-May 16:19
.
.
.
.

ПРОТОКОТ НА СТОКИ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО МОРА ДА СЕ НОРМАЛИЗИРА Азески и Рафуна побараа владите да го решат проблемот со сертификатите за храна

  • РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

206 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 08-May 07:35 -> 08-May 15:27
.
.
.
.

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува

  • Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да се создаде работна средина каде луѓето ќе се чувствуваат вреднувани, инспирирани и посветени.

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.