Лидерот на Демократската унија за интеграција(ДУИ), Али Ахмети денеска му честиташе на албанскиот премиер Еди Рама за почнувањето на преговорите со Европската Унија(ЕУ). Вели дека ова се одлични вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на Југоисточна Европа.
Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ. Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети го поздрави отворањето на преговорите меѓу Албанија и Европската унија, со отворањето на првото преговарачко поглавје.
„Со попречувањето на Македонија, а потоа и Северна Македонија, им се нанесе голема штета на државата, луѓето, а со тоа и голема штета на регионот“, рече албанскиот премиер на прес-конференцијата во Луксембург Албанскиот премиер Еди Рама денеска на прес-конференција по одржување на втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери, го коментираше одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон Европската Унија, пренесува МИА.