1 (65) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 13:44 -> 17-May 15:59
.
.
.
.

ИНВЕСТИЦИИ ВО БРЗА КАРГО И ПАТНИЧКА ЖЕЛЕЗНИЦА, КАКО И ВО ЗДРАВСТВОТО: премиерот соопшти каде ќе се инвестираат парите од договорот со Велика Британија

  • Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

  • Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото кралство е втор столб на нашата меѓународна позиционираност

  • Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Со овој документ, двете влади испраќаат силна порака дека интересите на граѓаните се најважни, а дека политиката е моќен инструмент кога создава вредности, а не поделби.

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство претставува втор столб на нашата меѓународна позиционираност по стратешкото партнерство со САД, истакнувајќи дека е потврда оти нашата држава чекори по патот на стабилноста, безбедноста, развојот и европската иднина.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе информира за постигнатата согласност со британскиот премиер Кир Стармер за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

3 (100) ■ вести > македонија > политика ■ 15-May 08:03 -> 17-May 17:45
.
.
.
.

Влен: ДУИ се движи кон бездната, најновите зделки повеќе не можат да го спасат

  • Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

  • Меџити: На ВЛЕН ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт

  • Меџити: Вреди нема да остане со девет пратеници, уште четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Али Ахмети и ДУИ го доживуваат својот политички крај.

До претседателот на Собранието Африм Гаши се уште не е пристигната оставката на министерот за здравство Арбен Таравари, а нема пристигнато ниту предлог кој ќе биде координатор на пратеничката група на ВРЕДИ или кандидат за гувернер на Народната банка.

Четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство, најави првиот вицепремиер и еден од лидерите ВЛЕН Изет Меџити во интервју за Алсат.

Во партијата се води силна дебата, мнозинството од структурите не се согласуваат со одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и повторно да им се приближи на ДУИ и Европскиот фронт, рече вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

11 (46) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 07:00 -> 16-May 19:36
.
.
.
.

Однапред се подготвувале за убиството на Вања: Објавена снимка на која Манев се враќа по лопата

  • Обвинителството тврди дека обвинетите однапред го подготвувале убиство на Вања и Панче

  • Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

  • Судење за убиството на Вања и Панче, Палевски презентира докази за бројот на учесници во грабнувањето на Жежовски

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година, која, како што беше презентирано потекнува од дента кога се случил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Вања.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 21 мај откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје заврши доказната постапка и се започна со дополнение на докази.

Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжи денеска во Основен Кривичен суд Скопје во фаза на доказна постапка.

16 (7) ■ вести > македонија > хроника ■ 17-May 10:30 -> 17-May 14:02
.
.
.
.

Полеале викендичка со бензин и ја запалиле - Уапсени двајца потпалувачи, третиот е во бегство

  • Три лица добија кривична пријава за подметнување пожар во викенд куќа во велешко

Полицијата од Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка и против С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

24 (26) ■ спорт ■ 15-May 14:19 -> 17-May 18:00
.
.
.
.

АЕК се мобилизира пред финалето со Алкалоид: „Дојдете да доживеете уникатен спектакл! “

  • Голем интерес за натпреварот АЕК – Алкалоид во Атина, досега продадени околу 3.000 билети

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

Огромна еуфорија владее во Грција во очекување на финалето од Европскиот ЕХФ куп на АЕК против еден од најдобрите македонски клубови, Алкалоид.

Поради големиот интерес за првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу АЕК и Алкалоид закажан за в недела во Атина, домаќините денеска соопштија дека ќе бидат отворени дополнителни блокови и пуштени во продажба дополнителни билети.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

Повеќе од
оваа категорија

145 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.

175 (6) ■ бизнис > македонија ■ 15-May 11:31 -> 15-May 13:03
.
.
.

СЕПА: Напредува подготовката на банките за приклучување во европската платежна инфраструктура во октомври 2025 година

  • ОД ОКТОМВРИ ПОБРЗО И ПОЕВТИНО ПЛАЌАЊЕ ВО ЕВРА ВО СТРАНСТВО Дали до тогаш банките ќе се приклучат во СЕПА системот?

Сите дванаесет комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Една системски значајна банка веќе ја поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), девет банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности.

Сите комерцијални банки во земјава интензивно работат на изготвување апликации и технички решенија потребни за нивното вклучување во платежната шема за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти денеска Народна банка по состанокот на претставници од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација (МБА) во Националниот совет за платни системи (НСП). -Една системски значајна банка веќе поднесе апликацијата до Европскиот совет за плаќања (ЕПС), 9 банки имаат направено избор на странска банка преку која ќе ги извршуваат плаќањата, коешто е предуслов за поднесување на апликацијата, додека останатите се во фаза на завршување на овие активности – целат Народна банка.