„Заедно со Германија, сега работиме на тоа Украина да добие силни системи за против-воздушна одбрана“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, додавајќи дека Германија и Норвешка соработуваат многу тесно за да ја поддржат Украина во нејзината борба за одбрана на земјата и заштита на цивилното население од руски воздушни напади, објави Ројтерс.
Норвешката влада денес објави дека ќе издвои приближно седум милијарди норвешки круни (600 милиони евра) за купување ПВО системи наменети за Украина. Фокус