1 (6) ■ вести > свет ■ 22-Feb 08:27 -> 22-Feb 09:48
.
.
.
.

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

  • Чистката во војската: Трамп го отпушти највисокиот генерал

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го отпушти началникот на Здружениот Генералштаб, генералот С.К. Браун, и најави дека ќе смени пет други високи функционери како дел од невидена реорганизација на американското воено раководство.

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти претседателот на Здружениот Генералштаб, Чарлс Квинтон Браун, кој е највисок офицер во САД.

5 (50) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 21:32
.
.
.
.

Судење за убиствата на Вања и Панче:Осомничените се подготвувале за убиствата,покажува снимката

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

  • Нови детали: Имало еден неуспешен обид за грабнување и убиство на Вања

  • Обвинетите имале еден неуспешен обид за киднапирање на Вања

Со презентација на видео снимки од безбедносните камери и од домот на Велибор Манев во Кривичниот суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче Жежовски.

Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет во случајот за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски Основното јавно обвинителство Скопје донело решение дека барањето за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

Три дена пред киднапирањето на Вања, на 24.11.2023 имало неуспешен обид за нејзино грабнување, покажуваат снимките разгледани на денешното рочиште за убиството, а беа презентирани како доказ на Обвинителството.

6 (69) ■ вести > свет ■ 20-Feb 07:30 -> 22-Feb 09:25
.
.
.
.

Келог: Долги и позитивни разговори со Зеленски, „борбен и храбар лидер“

  • Зеленски го губи тлото под нозете

  • ЗЕЛЕНСКИ И КЕЛОГ ЗБОРУВАА, НО ГО ОТКАЖАА ПРЕСОТ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ Се кршат копјата околу можните гаранции за Украина

  • ТРАМП: Русија навистина сака крај на војната и имаат предност, Зеленски е диктатор кој одбива да одржи избори, а популарноста му е ниска

Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.

Воено послабите украински сили во последните недели полека губат територија пред руското напредување.

Откажана е планираната прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот претставник на САД за Украина Кит Келог.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има „предност“ во какви било мировни преговори за Украина, бидејќи „зазеде голема територија“.

7 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 15:26 -> 22-Feb 08:24
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Нема договор за вработување на 2.000 до 3.000 Албанци

  • ОДОБРЕНИ СЕ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГAРСКИОТ ЗАЕМ Бизнисот бара пониски царини и полесни даночни процедури

  • Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2.000 до 3.000 Албанци во јавната адинистрација.

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така.

8 (33) ■ вести > свет ■ 20-Feb 08:12 -> 22-Feb 07:47
.
.
.
.

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

  • Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

  • Израел: Хамас го прекрши договорот, ова не е телото на мајката на двете момчиња

  • Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст

Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ . Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложникот Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел.

Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа.

10 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 12:23 -> 22-Feb 09:36
.
.
.
.

Мицковски во Вашингтон: Ја поддржуваме политиката на Трамп

  • Мицкоски во Атлантскиот совет: „Во наредниот период ќе го зголемиме стратешкото партнерство со САД“

  • Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон, македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка.

Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски се осврна на иднината на трансатлантските односи на Западен Балкан во излагањето во Европскиот центар при Атлантскиот совет во Вашингтон.

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

12 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 11:47 -> 21-Feb 21:06
.
.
.
.

Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

  • Меџити: Минчев да не се однесува како копија на Апасиев, правичната застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија

Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.

Минчев да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да не се однесува како негова копија – му порача првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на својот владин колега од редовите на Движењето ЗНАМ – министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Повеќе од
оваа категорија

9 (24) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 20-Feb 07:55 -> 21-Feb 16:41
.
.
.
.

Извелечени паровите за осминафиналето во ЛШ: Две градски пресметки и едно големо европско дерби!

  • Спектакуларни дуели во осминафиналето на Лигата на шампионите

  • Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ

Денеска во Нион беа извлечени осминафиналните парови за Лигата на шампионите, а оваа фаза ќе ни донесе неколку навистина интересни дерби пресметки.

Денеска во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи утре од 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

26 (5) ■ спорт > фудбал ■ 21-Feb 22:05 -> 22-Feb 08:34
.
.
.
.

Луда сцена во Серија А: Му украде пенал на соиграч, погоди и славеше сам, па беше – заменет (ВИДЕО)

  • ВИДЕО: Удинезе со голот на „непослушниот“ Лука слави кај Лече

Напаѓачот на Удинезе, Лоренцо Лука (24), предизвика бура реакции во италијанската и светската фудбалска јавност со својот неконвенционален потег на натпреварот против Лече во 26. коло од Серија А, дури и покрај фактот што беше стрелец на единствениот гол во победата од 1-0. Лука, кој оваа сезона игра во одлична форма и доби повик во италијанската репрезентација, одби да ја предаде топката на претходно одредениот изведувач на пенали, капитенот Флоријан Товен.

Фудбалерите на Удинезе се радуваа на гостувањето кај Лече со 0-1 (0-1) во првиот натпревар од 26. коло на италијанската Серија А. Натпреварот на „Виа дел Маре“ го одбележа една неверојатна сцена поврзана со победоносниот гол на Лоренцо Лука.

46 (11) ■ спорт ■ 20-Feb 22:20 -> 21-Feb 09:32
.
.
.
.

ВИДЕО: Едноставно херој – Интервенцијата на Митревски во последната секунда за победа на Пелистер!

  • Динамо удри во ѕидот на Никуч, Пелистер остана „жив“ во ЛШ!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжи со насапите во Лигата на шампионите и се соочи со романски Динамо Букурешт со кого одигра победнички во Битола, во меч кој заврши со резултат 25-24 (12-13). Јунак на средбата беше голманот Никола Митревски, кој го фати последниот напад на Динамо Букурешт и ја заврши средбата со 16 одбрани и воедно ги остави пелистерци во игра за плеј-оф. Распоредот не им оди во прилог на битолчани, ги чекаат мечеви со Фуксе Берлин и ПСЖ, но сонот се уште живее...

Повеќе од
оваа категорија