1 (38) ■ вести > свет ■ 12-Mar 07:31 -> 13-Mar 22:47
.
.
.
.

Трамп: Мислам дека ќе се случи анексија на Гренланд

  • Опозициската партија Демократит победи на изборите во Гренланд

  • Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО и со премиерот на Ирска

  • Трамп по средбата со Руте: Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа

Американски претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше можноста за анексија на Гренланд од страна на САД, велејќи дека тоа сценарио станува сè поверојатно.

Про-бизнис опозициската партија на Гренланд, Демократит, победи на парламентарните избори во вторникот, поттикнати од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз најголемиот остров во светот, кој е полуавтономна данска територија.

Американскиот претседател Доналд Трамп утре во Вашингтон ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти синоќа Белата куќа.

„Сакаме да видиме прекин на огнот од Русија.

2 (92) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 12-Mar 07:00 -> 13-Mar 09:48
.
.
.
.

Вања му рекла на Палчо: „Од тато пари не барај, не нè сака, мама душата ќе ја даде“

  • Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, со сведочење на Велибор Манев

  • Манев: Ја ископавме дупката, во неа требаше да се чуваат Вања и Панче додека не се исплатат пари

  • Палевски тргна кон Вања со пиштол и перниче во раката и испука куршум, сведочеше Манев

Драматично е денеска на судењето за убиствата на Вања и на Панче, каде што исказ дава еден од обвинетите Велибор Манев.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Во Кривичниот суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со распит на обвинетите.

Еден од обвинетите за грозоморните убиства на Вања и Панче, Велибор Манев денеска даваше исказ во Кривичен суд за тоа како се случило грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

4 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 11:55 -> 13-Mar 16:33
.
.
.
.

Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации

  • СДСМ: Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД

  • Агелер: Би ве упатила да го прашате министерот Лимани зошто бил одбиен за американска виза

Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово на свеченоста по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, Агелер нагласи дека не може да ги коментира, но, како што рече, најважно од сѐ е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин.

Скандал до скандал во Владата на Мицкоски.

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, не сакаше да коментира поради кои причини министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бил одбиен за американска виза.

6 (18) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Mar 07:12 -> 13-Mar 17:48
.
.
.
.

Свеченост по повод предавањето на акредитацијата на Центарот за обуки од ИАДЛЕСТ

  • Со свеченост Специјалната антитерористичка единица ТИГАР одбележа 44 години од формирањето

Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска беше одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска беше одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ), на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.

7 (42) ■ вести > балкан > регион ■ 12-Mar 08:36 -> 13-Mar 21:12
.
.
.
.

Додик: Ќе формираме свој суд и обвинителство, а Шмит „ќе го гониме како ѕвер“

  • НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

  • ДОДИК ОТКРИ ДЕКА МУ Е ОДРЕДЕН ПРИТВОР „Зарем ќе упаднете да нè апсите во собранието?“

  • Обвинителството на Босна и Херцеговина нареди Додик да биде приведен

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, изјави дека овој ентитет на БиХ денеска ќе формира сопствен суд и обвинителство, нагласувајќи дека прв кој ќе биде обвинет ќе биде високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

По одлуката на барање за притвор на Додик и неколку високи политички фигури во Репувлика Српска со став се огласи НАТО Алијансата нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.

Претседателот на Република Српска(РС), Милорад Додик, говорејќи на специјалната седница на Народното собрание на РС откри дека нему, на премиерот на РС и на претседателот на собранието им е одреден притвор поради тоа што не се појавија на распит во Обвинителството на Босна и Херцеговина, . – Денеска ми одредија притвор мене, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ.

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, како и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.

8 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 09:59 -> 13-Mar 20:42
.
.
.
.

НЕМА ДА ИМА МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО Македонија се залага за мирно решение на конфликтот

  • Буџетот за одбраната е два процента и тој ќе се зголемува со растот на економијата, најавува Мисајловски

  • Објавени огласи за прием на 300 нови професионални војници и 10 подофицери во Армијата

  • Мисајловски: Објавен Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и за 10 подофицери во АРМ

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево.

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека е објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници и оглас за 10 подофицери во Армијата.

„Денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија“, напиша на својот фејсбук профил, министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

10 (15) ■ вести > свет ■ 12-Mar 13:32 -> 13-Mar 15:21
.
.
.
.

Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

  • ПРИМИРЈЕТО Е МОЖНО ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА Марко Рубио се надева дека Русија ќе прифати 30-дневен прекин на огнот во Украина

„Еве како би сакале светот да изгледа за неколку дена: ниту една страна да не пука една кон друга - без ракети, без проектили, без куршуми, ништо, без артилерија“, им рече тој на новинарите во Ирска, на пат од Саудиска Арабија за Канада.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека се надева дека прекинот на огнот меѓу Русија и Украина може да се случи во рок од неколку дена доколку руските лидери се согласат и дека тој планира на состанокот во Канада оваа недела да ги натера дипломатите од Групата 7 да се фокусираат на завршување на војната.

11 (20) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Mar 09:24 -> 13-Mar 18:05
.
.
.
.

Стојаноски:СДСМ и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мафијата

  • ВМРО-ДПМНЕ: 167 милиони евра криминал со канцероген мазут, а судството само одзема пасоши

  • Стојаноски: Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома

СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата, наскоро ќе се стави крај на вакви случаи.

Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ упорно го бранат корумпираното судство и обвинителство, а вистинската причина денес е јасна – се работи за заштита на криминал вреден 167 милиони евра.

Интегрален текст од прес-конференција Говорик: Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома.

13 (11) ■ вести > македонија ■ 13-Mar 12:57 -> 13-Mar 14:45
.
.
.
.

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

  • Правата на Македонците не се мешање во внатрешните работи на Бургарија, реакции на премиерот и МНР

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век, во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го оствари.

Во врска со вчерашната реакција од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија