Во Центарот за обука на МВР во Идризово денеска ќе биде одржана свеченост по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ). На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорката на САД Анџела Агелер и помошник на министерот на Центарот за обука, Влатко Митковски. Kanal5
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – ТИГАР.
На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на САЕ ТИГАР Драган Прокоповски. Libertas
Делегации на Владата и МВР ќе положат цвеќе и ќе оддадат почит на спомен плочата на загинатите припадници на „САЕ- ТИГАР“.
На 13 март 1981 година по првпат во Министерството за внатрешни работи беше формирана во рамките на тогашниот републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија Единицата за специјални задачи под името Тигар. Sitel
Во Касарната „Илинден“- Скопје денеска со свечена церемонија беа одбележани 44 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на свеченоста истакна дека во своето петдецениско постоење САЕ Тигар од аспект на професионалност, стручност, обученост на своите припадници, претставува вистинска гордост, како на МВР, така и на цела Македонија. Biznisvesti
Во касарна Илинден во Скопје денеска се одржа свечено одбележување на 13 Март – Денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица – „Тигар“ и 44 години од постоењето на единицата, во присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со највисокото раководство во МВР, како и високи претставници од Владата и Генералштабот на Армијата, амбасадори и полициски аташеа при амбасадите во земјава, поранешни команданти на Единицата, семејствата на загинатите припадници на Единицата и бројни гости, соработници и пријатели на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност во рамките на МВР.
Пред спомен плочата на загинатите припадници на САЕ Тигар беше положено цвеќе од страна на официјалните делегации од Владата, МВР и семејствата на загинатите припадници на единицата. Press24
Тој потсети дека е во тек целосна реконструкција на Центарот за обука и негово надградување во модерен образовно-стручен Центар, во кој на сите полициски службеници и вработени во МВР ќе им овозможува соодветно професионално усовршување и експертиза по сите модерни стандарди на полициското работење.
Неодамна овде во наша близина со поддршка на нашите меѓународни пријатели го отворивме Мултимедијалниот центар за хибридно учење, кој преку користење на најмодерните и иновативни технологии ќе го унапредува знаењето и подготвеноста на секој еден полициски службеник кој одлучил да работи за својата татковина во одржување за редот и поредокот, заштита на Уставот и безбедноста на секој еден граѓанин. Plusinfo
Министерот Тошковски истакна дека со оваа акредитација правиме уште еден голем чекор напред во етаблирањето на Центарот за обука како врвен, кредибилен и професионално оспособен центар за обука, кој му е неопходен на министерството во своето успешно функционирање, за сите негови полициски служби и организациски единици.
„Целосно сме свесни дека стручната и професионална едукација и надоградбата се основните столбови на квалитетното функционирање на една институција и оттаму со доаѓање на ова раководство на министерството, развојот на Центарот во сите сегменти го поставивме како врвен приоритет. Skopjeinfo
Министерот Тошковски истакна дека САЕ Тигар од аспект на професионализмот, стручноста и обученоста на своите припадници, претставува вистинска гордост како на министерството за внатрешни работи така и на цела Македонија.
Македонија е горда на своите Тигри. Press24
Алпинистички тим, нуркачки, снајперски тим, тим за отстранување бариери при влез во простории, преговарачки тим, медицински тим, тим за беспилотни летала и тим за службени кучиња кој е во развој, се составен дел од САЕ Тигар кои се во секој момент подготвени за решавање на сложени ситуации.
Но, како и во секоја професија, така и во оваа, припадниците на „Тигрите“ имаат предизвици. Denesen