1 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Oct 18:40 -> 26-Oct 20:13
.
.
.
.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на Комисијата за помилување

  • Комисијата за помилување поднесе колективна оставка

  • Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на Комисијата за помилување.

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членови на Комисијата поднеле колективна оставка.

Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев предмалку на Фејсбук напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.

2 (63) ■ вести > свет ■ 24-Oct 14:34 -> 26-Oct 20:25
.
.
.
.

Иран соопшти дека има право и должност да се брани по израелските напади

  • Иран соопшти дека двајца војници загинале во израелските напади на воени локации

  • Белата куќа го предупреди Иран за последици доколку одговори на новите израелски напади

  • ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Двајца ирански војници се убиени во израелскиот напад на воени локации низ Иран, соопшти денеска армијата.

Белата куќа соопшти дека вечерашните израелски напади врз Иран треба да ги прекинат директните напади меѓу двете земји, истовремено предупредувајќи го Техеран за последиците доколку одговори.

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

4 (148) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Oct 07:06 -> 26-Oct 19:26
.
.
.
.

Мицкоски ќе „навива“ за Борисов на изборите во Бугарија

  • Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

  • Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ

  • Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов гледа подобар соговорник во споредба со останатите бугарски лидери за надминување на несогласувањата на релација Скопје-Софија.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

6 (116) ■ вести > македонија > политика > црна хроника ■ 24-Oct 09:24 -> 26-Oct 16:55
.
.
.
.

Го разбирам револтот на Костадинов, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана, вели Герасимовски

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

  • ​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

  • Перински: Потегот на Струмица и на Карпош за напуштање на ЗЕЛС не е решение, тоа им штети на сите општини

Општина Струмица изминатиот период се соочува со одредени притисоци и можни политички влијанија, но сметам дека одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) е избрзана, рече денеска во гостување на Канал 77, градоначланикот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник.

Најавата од Општините Струмица и Карпош за излегување од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе и штети не само на Заедницата, туку и на сите други општини, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.

7 (68) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Oct 09:45 -> 26-Oct 20:52
.
.
.
.

(ВИДЕО) Кузеска: Намалувањето на маржите се покажа како неефективна мерка – ги штити трговците наместо граѓаните

  • Шилегов: СДСМ е заробена партија од двајца октроирани „лидери“!

  • Шилегов обвини дека СДСМ е заробена партија од тезгароши, од партијата велат дека лидерот е избран на легитимни внатрепартиски избори

  • СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра заради граѓаните

Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна.

Која е причината за овие обвинувања Шилегов денеска не сака да даде изјава.

СДСМ е заробена партија.

На денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го прифати предлогот за поголема минимална плата од 450 евра затоа што тоа ќе значи бенефит за сите работници и нивните семејства, потенцирајќи дека тоа е вистинска потреба за подобар животен стандард на граѓаните.

13 (6) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 26-Oct 12:11 -> 26-Oct 17:20
.
.
.
.

Тинејџер избоден со нож - полицијата приведе малолетник

  • Малолетник прободел со нож 19-годишник на автобуска постојка во Скопје

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје, синоќа околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. , на возраст од 19 години од скопско.

МВР информира дека синоќа околу 20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т.(19) од скопско, дека околу 19.35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет.

Повеќе од
оваа категорија

25 (5) ■ спорт > фудбал ■ 25-Oct 15:59 -> 26-Oct 20:40
.
.
.
.

Вардар одмазднички низ Кавадарци: Пеколни 15 минути за убедлив пораз на „црвено-црните“

  • Гачевски: Триумфот во Купот нека биде пресвртница за Вардар

Откако минатата сезона ја загуби шампионската титула поради поразот од Тиквеш во Кавадарци, Вардар денеска не дозволи изненадување на истото место и со убедлив триумф го заврши дербито на деветтото коло од Првата ракометна лига.

Голманот на , , се врати меѓу стативите против и со неговиот клуб славеше пласман во осминафиналето од Купот на . Забележа добри одбрани на овој Куп-дуел, како увертира за градското дерби со . „Имавме голема победа со Тиквеш, се надевам дека таа ќе биде пресвртница за на. Оваа победа е за нас фудбалерите, затоа што знаеме каков притисок имавме, но покажавме срце и карактер и како се игра за Вардар.

Повеќе од
оваа категорија

60 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 24-Oct 13:36 -> 26-Oct 13:48
.
.
.
.

„РАЗВИВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПО ПЕТ ГОДИНИ“ Фероинвест ги откри новите технологии на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

  • ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.

Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.

226 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 24-Oct 12:40 -> 25-Oct 07:48
.
.
.
.

НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

  • ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ – БРЗ ПРИСТАП ДО ПАРИ Новина од Комерцијална банка за клиентите

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку , да добијат и за кратко време да ги имаат . Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот , создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.