Имам сертификат за познавање на англиски јазик, како што е наведено во биографијата на Факултетот за безбедност“, Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, на прашање зошто се стекнал со сертификат за познавање на англиски јазик во Пловдив, каде според тврдењата на опозициската СДСМ не постои центар за полагање ТОЕФЛ-тест, а не во Скопје, Христовски вели дека е спремен јавно да покаже документ кој е издаден во 2019 година, како регулатива од претходната власт, за административно тестирање на вработени во државната администрација кој точно покажува кој вид на тест од трите светски јазици кои се говорат и се потребни во државата, за кој вели дека го положил во 2022 година оти бил најбрз начин како да дојде до таа диплома, велејќи дека во Пловдив имало отворен термин за полагање. 360stepeni