1 (110) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 12-Oct 08:51 -> 14-Oct 17:17
.
.
.
.

Туфегџиќ: Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран

  • Видевски од болница вратен во Шутка, судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделик

  • Мајката на малолетната Вања и роднини на велешанецот Жежовски треба да сведочат вo понеделник во суд

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ изјави пред медиумите дека денеска е битен исказот на мајката на починатата, Вања Ѓорчевска - Зорица затоа што, како што вели, се расчистија сите шпекулации и мистерии од откривањето на настанот.

Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.

Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена лани во ноември и роднини на убиениот Панче Жежовски треба да сведочат на судското рочиште за двојното убиство коешто е закажано за вo понеделник.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

3 (14) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 15:24 -> 14-Oct 16:51
.
.
.
.

ТАРАВАРИ: Лекарски пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина

  • Докторите направиле погрешни проценки за потребата од хоспитализација на 14-месечното дете, рече Таравари

Задоцнета е кислородната поддршка на 14-месечното бебе кое почина затоа што на клиниката во Козле немало соодветна апаратура за давање инвазивна и неинвазивна вентилација односно кислородна поддршка, соопштија денеска во Министерството за здравство откако стручните комисии формирани за испитување на два смртни случаи утврдија повеќе пропусти во конкретниот случај.

На Клиниката за детски болести при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на 14-месечното дете кое почина, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

5 (10) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 17:21
.
.
.
.

Огревното дрво, минералната прашина и сообраќајот, главни извори на загадување во внатрешноста

  • Меџити: Подобрувањето на квалитетот на воздухот еден од приоритетите на Владата

Користењето огревно дрво, минералната прашина која се создава при гардежни активности и сообраќајот се меѓу главните фактори на аерозагадувањето, покажуваат резултатите од истражувањето кое е дел од проектот за справување со аерозагадувањето во пет општини во внатрешноста на државата во кое беа вклучени општините Струмица, Струга, Кавадарци, Куманово и Гостивар.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес присуствуваше и имаше обраќање на презентацијата на резултатите за изворите на загадување на воздухот во пет општини, организиран од Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП). На настанот на кој што беа претставени резултатите одистражувањето, Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање е подготвено да им помогне на единиците на локалните самоуправи во планирањето и спроведувањето на ефективни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во нивните општини.

11 (10) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 07:12 -> 14-Oct 17:35
.
.
.
.

Јаневска на Отворените денови на Институтот „Крсте Мисирков“: Со грижата за македонскиот јазик го штитиме македонскиот идентитет

  • Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Македонскиот јазик е наше национално идентитетско обележје што системски ќе го негуваме, заштитуваме, унапредуваме и афирмираме.

На почетокот на манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, која ќе се одржува во Скопје, до 18 октомври, свое обраќање имаше директорката на Институтот за македонски јазик проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, која истакна дека оваа година се одбележуваат 150 години од раѓањето на патронот Крсте Мисирков и 80 години од прогласувањето на македонската држава и на македонскиот јазик како службен, кодифициран јазик во неа.

Повеќе од
оваа категорија

160 (4) ■ спорт > фудбал ■ 13-Oct 11:31 -> 13-Oct 14:45
.
.
.
.

ВИДЕО: Денот кој ќе го памети засекогаш фудбалска Македониј

  • 31 година репрезентација: Денот кога фудбалерите гордо ја отслушаа „Денес над Македонија“

Македонскиот репрезентативен фудбал денеска го одбележува почетокот на својата независна историја – 31 година од првиот меѓународен натпревар по осамостојувањето.

На 13 октомври, 1993 година, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот фудбалски меч по осамостојувањето и во историски дуел со убедливи 4-1 славеше над домаќинот . Предводена од легендарниот селектор Андон Дончевски, генерацијата на Дарко Панчев, Илија Најдоски, , Чеде Јаневски, Зоран Бошковски пред околу 3.000 гледачи го одигра првиот фудбалски танц под национално знаме, стоеше гордо на македонската химна и дојде до првата победа.