МИАНеексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена кај селото Калишта во реонот на Општина Струга, соопшти денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗИ). Артилериската граната со калибар од 105 милиметри, како што информираат оттаму, била пронајдена деновиве при изведба на градежни работи во близина на кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, а се наоѓала во двор меѓу изградени куќи.
Неексплодирано убојно средство (НУС) од минатите војни е пронајдено кај с.Калишта, при изведба на градежни работи во близина кампот „Рино“ покрај Охридското Езеро, оваа работна недела во реон на Општина Струга.