Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира. Puls24
Мининстерство за европски прашања Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере, која престојува во работна посета на Република Македонија.
Средбата се одржа во контекст на подготовките за претстојното данско претседателство со Советот на Европската Унија, кое што започнува на 1 јули годинава. Kurir
Тој ја поздрави одлуката политиката на проширување со ЕУ да биде дел од приоритетите на претстојното данско претседавање со Советот на ЕУ и ја истакна важноста Копенхашките критериуми да останат единствен темел врз кој се гради политиката на проширување.
Министерот подвлече дека Македонија останува посветена на реформите и конструктивната улога во регионот, што е потврдено и со организацијата на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст, кој ќе се одржи во Скопје. Republika
Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.
Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ. Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Republika
Гледаме напредок и кај Црна Гора кој не се случуваше долго време во земјата.
Искрено сакам да кажам дека е моментумот е присутен и ве молам да го зграпчите, изјави министерката за европски прашања на Данска Мари Бјере при посетата на земјава. Lokalno