1 (4) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 19:47 -> 16-Oct 20:00
.
.
.
.

СЕЛА НАЈАВИ ПРОТЕСТИ И БОЈКОТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ Што подготвува Алијанса за Албанците?

  • Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села најави политичка акција со средби со граѓаните, а не е исклучено да се организираат протести и бојкот на институциите, без да прецизира како ќе се спроведуваат и засега се само опција.

Лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села најави политичка акција со средби со граѓаните, а не е исклучено да се организираат протести и бојкот на институциите, без да прецизира како ќе се спроведуваат и засега се само опција.

3 (33) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 11:32 -> 16-Oct 20:02
.
.
.
.

Лога го повикува Филков на јавна дебата

  • Филков: Пред да замине од функцијата, Лога си ги зел документите со препораки од Оценската мисија на ЕУ

  • Филков: Документот од Оценската мисија на Европската комисија е земен од мојот претходник

  • Филков: Почнавме реформи со кои е поставена основата за длабоки и влијателни промени во судство

Поранешниот министер за правда Кренар Лога преку објава на Фејсбук информира дека писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат и дека едниот дел од писмото било наменето за јавност, а другиот дел бил класифициран.

Пред да замине од функцијата, ексминистерот за правда Кренар Лога, од кабинетот во Министерството со себе го зел документот со препораки за Судскиот совет изработен од Оценската мисија на Европската комисија.

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда.

Министерот за правда Игор Филков во отчетот за сто дена Влада соопшти дека се поставени темелите за реформи во судскиот систем кои, рече, треба да бидат длабоки, суштински и влијателни со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.

6 (20) ■ вести > свет ■ 15-Oct 20:58 -> 16-Oct 17:39
.
.
.
.

Зеленски го претстави „планот за победа“ во украинскиот Парламент

  • Зеленски го претстави украинскиот план за победа: „Ако ова се поддржи, војната ќе заврши следната година“

  • (Видео) Зеленски го претстави Планот за победа на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави многу дискутираниот план за победа на Украина, иако некои делови останаа доверливи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во парламентот на својата земја првпат ги објави деталите од Планот за победа, на што веднаш реагираа бројни украински претставници, кои ја пофалија насоката на планот, но укажаа на отсуството на практични чекори што треба да водат до неговата реализација.

8 (155) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Oct 07:48 -> 16-Oct 17:06
.
.
.
.

ЕКС НАЧАЛНИК НА СВР ВЕЛЕС: Велибор ни кажа дека се виновни за убиството на Вања, ни покажа каде е закопан Панче и дека пукал Палчо

  • Во кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Мајката на Вања и роднини на велешанецот Панче сведоци на денешното рочиште

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, сведочеше поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев.

Со изведување на докази од страна на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска и роднините на велешанец Панче Жежовски денеска ќе сведочат на рочиштето за двете убиства.

9 (21) ■ вести > македонија ■ 16-Oct 11:12 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

  • Дополнителен час во евтина тарифа нема да има и покрај тоа што цената на берза е најевтина

  • Бислимоски: Цената на парното ќе биде стабилна, не очекувам никакви промени

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

Дополнителен час во дневна евтина тарифа нема да има до крајот на оваа година и покрај тоа што цената на електричната енергија во периодот од 12 до 16 часот е најевтина на берзите.

Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето, освен ако не се случи драматична промена на цената кај природниот гас, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски и додаде дека сепак не очекува да има никакви промени.

10 (93) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Oct 07:24 -> 16-Oct 20:00
.
.
.
.

Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

  • Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на Мицкоски, велат од СДСМ

  • Куса средба Мицкоски – Герапетритис на маргините на Самитот на Берлинскиот процес

  • Мицкоски на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите.

Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија имале куса средба на маргините на Самитот на Берлинскиот процес, според фотографиите што на платформата Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

11 (79) ■ вести > македонија ■ 14-Oct 09:51 -> 16-Oct 18:30
.
.
.
.

Јакимовски: Во февруари за сите десет училишта од МОН се добиени два милиони денари, а само за едно училиште сметката е околу 540 илјади денари

  • Грејната сезона во Скопје почнува утре, освен за учениците во Карпош: Општината ќе штеди на греење до 1 ноември

  • Јаневска: Очекувам сите училишта да имаат греење

  • Јакимовски: Владата да си го плати заостанатиот долг за греење на основите училишта во Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска повторно го повика Министерството за образование и наука да ја исполни законската обврска и целосно да ги исплати трошоците за греење на десетте училишта во Општината.

Новата грејна сезона во Скопје ќе почне официјално утре, а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта да имаат греење.

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски ја повика Владата да ги покрие трошоците за греење на општинските основни училишта во висина од 8.3 милиони денари, затоа што локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија