Изјавите на Мицкоски за „деполитизирана и професионална администрација“ се ништо повеќе од празни зборови кои се целосно спротивни на реалноста што ја креира неговата Влада.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека има многу отворени прашања околу унгарскиот кредит и оти не е точно дека е со историски најниска каматна стапка.
Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија.
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на средбата со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова изрази загриженост за ризикот од спојувањето на Агенцијата за национална безбедност со Агенцијата за разузнавање.