1 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Feb 15:51 -> 11-Feb 21:54
.
.
.
.

Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон

  • КОЦЕВСКИ ПО НАЈАВАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ, ДО ВЛАДАТА: Ги немате сите точни информации!

  • Државниот јавен обвинител Коцевски ќе биде разрешен – Владата го задолжила Министерството за правда да поднесе иницијатива!

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во писмена изјава дадена по одлуката на Владата да покрене постапка за негово разрешување вели дека секогаш работел согласно закон.

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски.

Владата на денешната седница го задолжило Министерството за правда да поднесе иницијатива за разрешување на Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

2 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Feb 09:16 -> 11-Feb 21:50
.
.
.
.

СДСМ: Апсурд, ВМРО-ДПМНЕ донесе мерки кои во опозиција ги критикуваше

  • СДСМ: Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави

  • По седница на Владата ќе се донесат мерки за намалување цените на производите

  • Мицкоски предлага маркетите јавно да ги објават цените на своите производи

Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше.

Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај.

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите.

Премиерот Христијна Мицкоски рече дека на денешната владина седница ќе предложи една мерка во однос на високите цени на основните прехранбени производи, а тоа е сите големи маркети да ги објават јавно цените на своите производи.

3 (30) ■ вести > македонија > политика > образование ■ 11-Feb 12:52 -> 11-Feb 16:33
.
.
.
.

Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца на училиште

  • Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините

  • Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани

  • Училиштата се под ингеренции на општините и тие одлучуваат за забрана на мобилни телефони

Мобилна апликација која ја разви Министерството за образование и наука им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата.

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните.

Министерството за образование и наука деновиве на училиштата ќе им достави упатство како треба да се постапува во случај на хибридни закани.

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со дилемата дали е потребно да се воведе забрана на ваквите уреди во училиштата, особено по фактот што некои од општините деновиве веќе излегоа со информации дека таквата иницијатива веќе ги дала и првите позитивни резултати.

5 (29) ■ вести > свет ■ 10-Feb 09:27 -> 11-Feb 21:56
.
.
.
.

Трамп му се закани на Хамас: Доколку не ги ослободи заложниците до сабота напладне, ќе се соочи со пекол

  • Трамп го повтори ветувањето дека ќе ја заземе Газа

  • Нетанјаху се закани со прекин на примирјето ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници

Претседателот Доналд Трамп во понеделникот го повика Израел да го откаже договорот за прекин на огнот со Хамас и „да го пушти сиот пекол“ доколку Хамас не ги врати заложниците кои сè уште се држат во Газа до сабота напладне, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.

Додека американскиот претседател Доналд Трамп го повторува своето ветување дека ќе ја преземе контролата врз Газа, се зголемува притисокот врз Израел и Хамас да го продолжат кревкиот прекин на огнот надвор од неговата почетна фаза.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска се закани дека ќе ги обнови нападите врз Појасот Газа ако до сабота не бидат ослободени израелските заложници.

13 (31) ■ вести > балкан > регион ■ 10-Feb 09:38 -> 11-Feb 17:59
.
.
.
.

Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос

  • Нов земјотрес го погоди Санторини, најсилен досега: Повеќе од 10 илјади луѓе го напуштија островот

  • Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

  • Нова серија земјотреси во близина на Санторини – најсилниот 5 степени

По синоќешниот земјотрес од 5,3 степени регистриран кусо по 22 часот во близина на Санторини, што воедно беше и најсилниот во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, во текот на ноќта и рано утрово следеше нова серија земјотреси меѓу 4 и 5 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Санторини синоќа беше погоден од силен, плиток земјотрес со јачина од 5,3 степени, најсилниот што го погоди грчкиот остров за време на неодамнешната сеизмичка активност во областа.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.

14 (11) ■ вести > македонија ■ 11-Feb 14:54 -> 11-Feb 16:19
.
.
.
.

Се боцкаат сами со филери од „Али експрес“: Се бараат законски измени за заштита на пациентите!

  • Лекарите бараат измени на Законот за јавно здравје за точно да се знае кој може да извршува естетски медицински интервенции

Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) предложи измени во Законот за јавно здравје, со цел да се ограничат можностите за извршување естетски медицински процедури од лица без соодветна медицинска квалификација.

Здружение на дерматовенеролози на Мaкедонија, Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи и Здружение за естетска медицина бараат измена и дополнување на Законот за јавно здравје за да се ограничи можноста за извршување на естетски медицински интервенции од лица кои немаат медицинска квалификација, со што ќе се зајакнат стандардите за безбедност и квалитет во оваа област.

15 (7) ■ вести > свет ■ 11-Feb 17:57 -> 11-Feb 19:29
.
.
.
.

Доколку седнат на преговарачка маса, Зеленски планира да ѝ понуди на Русија едноставна размена на територии

  • Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: украински области заземени од Русија во замена за Курск

Ако американскиот претседател Донал Трамп успее да ги доведе Украина и Русија на преговарачка маса, украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да ѝ понуди на Русија едноставна размена на територии, откажувајќи се од земјиштето што Киев го држеше во руската област Курск од почетокот на ненадејната офанзива пред шест месеци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

25 (11) ■ бизнис > македонија ■ 11-Feb 11:30 -> 11-Feb 16:05
.
.
.
.

Стипендии за тројца македонски олимпијци – донација на „Sport Life“

  • Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). , се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.

„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15000 денари.

58 (6) ■ сцена > култура ■ 11-Feb 07:15 -> 11-Feb 15:20
.
.
.
.

„ Приказничар“, „ Посвети и пофалби“, „ Бакнежи на небото“, „ Книжевни паметници“ и „ Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година

  • ДПМ ќе објави членови на жири-комисии и добитници на пет годишни награди

„ Приказничар“, „ Посвети и пофалби“, „ Бакнежи на небото“, „ Книжевни паметници“ и „ Беше еднаш една куќа“ се наградени книги на конкурсот на ДПМ за најдобри дела минатата година Друштвото на писатели на Македонија ги соопшти добитниците на наградите за најдобри книги во минатата година.

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска на прес-конференција ќе ги соопшти членовите на жири-комисиите задолжени за доделување на годишните награди за 2024 година, како и петмината добитници на наградите.

87 (4) ■ сцена > култура ■ 11-Feb 13:20 -> 11-Feb 16:59
.
.
.
.

Проектот „Страда бруталисима“ ќе не претстави на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

  • Со бруталистичката архитектура на Скопје на Биеналето во Венеција

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

Проектот „Страда бруталисима“ на авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција што ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

39375420 (4) ■ сцена > шоу биз ■ 09-Feb 19:56 -> 11-Feb 21:29
.
.
.
.

ИЛОН МАСК МУ ГО ИЗБРИША ПРОФИЛОТ НА КАНЈЕ ВЕСТ Политички лидери ги осудија нацистичките објави на раперот

  • КАНЈЕ ВЕСТ СО ШОКАНТНА ИЗЈАВА „Имам власт врз мојата сопруга, не може ништо да носи без моја дозвола“

По тридневната тирада од расистички и антисемитски изјави на раперот Канје Вест, Илон Маск потврди дека јавноста повеќе нема да го гледа профилот на Икс на контроверзниот музичар, . Се чини дека Маск го избришал профилот на Канје Вест, потврдувајќи дека „неговиот профил сега е класифициран како небезбеден за работа со оглед на тоа што го објавил.

Откако во повеќечасовен испад на социјалната мрежа Икс објави дека е нацист и дека го „сака Хитлер“, контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест продолжи да ја шокира јавноста со своите објави.