Огромна колона на возила во застој во моментот се случува кај Маврово, поради голема сообраќајка која се случи претходно на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи изјави дека повредените се надвор од животна опасност, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники.
Од: А1он МВР информира дека денеска во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. Според информациите, до сега се пријавени пет повредени лица.
„Годишнината од прогласувањето на независноста на Северна Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како треба да биде“, се наведува во обраќањето на претседателот на ДУИ, Али Ахмети по повод Денот на независноста – 8. Септември. „Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус и овој момент претставува застојна пресвртница во земјата.
Лидерот на политичката партија ДУИ, Али Ахмети, упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, во која истакна дека јубилејот е можност за размислување за минатото, сегашноста и иднината на земјата. Ахмети потсети на исклучувањето на Албанците од процесите на изградба на државата во 1974 и 1991 година, и на дискриминаторскиот устав што ја промовирал етничката надмоќ на мнозинството.
Презадолженоста на Франција го доведува во прашање нејзиниот опстанок, предупреди денес премиерот Франсоа Бајру, пред гласањето за доверба на владата, битка што се очекува да ја изгуби, што би можело да ја фрли втората по големина економија во еврозоната во уште подлабока криза. Бајру, четвртиот премиер за помалку од две години, повика на гласање за доверба поради акутниот притисок со кој се соочува Франција со минатогодишниот дефицит од 3 проценти од БДП, речиси двојно поголем од европскиот лимит и јавен долг од 113,9 проценти од БДП.
Од: А1он Францускиот Парламент ја разреши владата на премиерот Франсоа Бајру по само девет месеци на власт, при што неговата администрација го загуби гласањето за доверба. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа дека немаат доверба во владата, додека само 194 и дадоа доверба.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека европските интеграции остануваат врвен приоритет за државата, но нагласи дека патот кон нив не смее повеќе да биде „срамен“, туку достоинствен. Мицкоски исто така, порача дека со нетрпение го очекува предлогот за црвените линии во преговорите со Бугарија, што го иницира претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче -Наш приоритет се европските интеграции.
На оваа прес-конференција на СДСМ има едно логично прашање. Зошто не е уапсен?
„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата.
Лидерот на опозициската партија Венко Филипче упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста, во која повикува на политичко и државничко освестување и заштита на државните интереси. „Државата е на граѓаните.
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова.
Каја Шукова / Фото: Фејсбук Шукова најави 100 нови мурали во Скопје Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат. „Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град,“ изјави Шукова, најавувајќи вклучување на локални уметници и млади креативци.
Контрапротести на СНС во Србија / Фото: Сања Косовиќ/Н1 Контрапротести на приврзаници на Вучиќ се најавени и за денеска во „100 српски градови“ Власта на српскиот претседател Александар Вучиќ и денеска организира контрапротести кои ги најави во „100 градови“. Како што е најавено, приврзаниците на владејачката Српска напредна партија „кои се против блокадите“ мирно ќе протестираат бидејќи „сакаат да се врати нормалниот живот во државата“, обвинувајќи ги студентите и граѓаните кои протестираат против власта дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека државата ќе интервенира кога институциите на Република Србија ќе бидат загрозени и истакна дека државата нема да дозволи институциите на Србија да бидат уништени, уништени, запалени и урнати. „Луѓето во Србија треба да знаат дека државата Србија е посилна од кој било.
Од: А1он Палестинската милитантна група Хамас денес изјави дека е подготвена „веднаш да седне на преговарачка маса“, да разговара за ослободување на сите заложници во замена за јасна декларација за крај на војната, целосно повлекување на Израел од Појасот Газа и формирање на независна палестинска власт за управување со енклавата. Палестинската организација во соопштението изјави дека добила „некои идеи од американската страна насочени кон постигнување договор за прекин на огнот“ и додаде дека ја поздравува секоја иницијатива што придонесува за напорите за запирање на агресијата врз палестинскиот народ, објави Ал Џезира.
Израел соопшти дека во понеделник ќе ги засили воздушните напади врз Газа во „силен ураган“, што ќе послужи како последно предупредување до Хамас дека ќе ја уништи енклавата доколку борците не го прифатат барањето за ослободување на сите заложници и не се предадат, пренесува Ројтерс. Жителите изјавија дека израелските сили го бомбардирале градот Газа од воздух и дигнале во воздух стари оклопни возила на неговите улици.
Николас Мадуро / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ Мадуро: САД да ги намалат тензиите за да избегнеме воен судир од поголеми размери Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги повика САД да го намалат тензиите меѓу двете земји, предупредувајќи на опасност од „воен конфликт од широки размери“ во Јужна Америка, пренесуваат светските медиуми. „Ниту едно од нашите несогласувања не смее да доведе до војна или насилство во Јужна Америка“, изјави Мадуро во видео објавено на апликацијата „Телеграм“.
Од: А1он Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во петокот изјави дека неговата земја ќе влезе во фаза на „вооружена борба“ доколку биде нападната. Мадуро им рече на војниците дека, иако Венецуела „сè уште е во фаза на невооружена борба“, секој напад ќе предизвика одговор на „целиот народ против агресијата, без разлика дали е локална, регионална или национална“, пренесува Анадолија.
Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Србинот беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз во Њујорк со 3:0, во сетови 6:4, 7:6(4), 6:2, а во финалето на третиот последователен грен слем, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.
Четирипати оваа сезона, Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Гренд слем, но никогаш не успеа да стигне до финалето – српскиот тенисер беше запрен и во полуфиналето на Отвореното првенство на САД синоќа, а подобар беше Карлос Алкараз, кој победи со 3:0. Ѓоковиќ беше поразен од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон, синоќа на Отвореното првенство на САД од Алкараз, додека во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија мораше да му го предаде мечот на Александар Зверев. И по синоќешниот пораз против Алкараз, тој истакна дека ја пропуштил својата најголема шанса за финалето на Ролан Гарос.