1 (4) ■ вести > македонија ■ 30-Apr 07:07 -> 01-May 07:03
.
.

Сончево и топло до 28 степени

  • Сончево и топло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во средата утрото е ведро и посвежо, додека во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.

2 (37) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Apr 08:45 -> 30-Apr 18:16
.
.
.
.

СДСМ: Ние сме со работниците за 1 мај и секој друг ден

  • ЦО на СДСМ: Започна постапката за утврдување кандидати на СДСМ за локалните избори

  • Филипче: СДСМ ќе поднесe предлог-закон за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани

  • Филипче: Почнуваме процес на идентификување нови партнери за соработка за локалните избори

СДСМ изразува цврста поддршка за Првомајскиот протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на партијата која ја предводи, следната недела до Собранието ќе поднесе специјален предлог-закон кој ќе биде наменет за обезбедување финансиска и институционална поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за соработка од албанскиот блок за локалните избори што треба да се одржат наесен.

3 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Apr 20:24 -> 30-Apr 22:12
.
.
.
.

Пандов: Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав

  • Опожарена викенд куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов

  • ВМРО-ДПМНЕ повика на итна истрага за палењето на викендичката на Пандов: Ова е обид за заплашување и замолчување

  • (ВИДЕО) Запален домот на Пандов во Орешани: Ова е цената за удирањето по мафијата

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани.

Опожарена е викенд-куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешани.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди палењето на викенд-куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, оценувајќи го како обид за заплашување и замолчување.

Директорот на управата за извршување санкции, Александар Пандов, објави снимка, во која посочува дека му бил запален домот во Зелениково, односно во село Орешани.

4 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Apr 07:46 -> 30-Apr 09:27
.
.
.
.

Собранието дебатира за интерпелација на министерот Тошковски

  • Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

  • Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците

  • Левица смета дека Тошковски да сакал ќе го затворел „Пулс“, министерот вели останува на функцијата за да ги разјасни сите дилеми

Во Собранието попладнево продолжи расправата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“.

„Институционалниот башибозук го создадовте сите вие со партизацијата на институциите за време на вашите владеења и шурувањето со секакви локални битанги поради болно властољубие, вклучувајќи ја и партијата што сега е на власт, а која сега глуми спасител и стабилизатор“, кажа пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, образложувајќи ја интерпелацијата за Тошковски што денеска е на дневен ред во Собранието „Треба да нѐ води обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата.

6 (26) ■ вести > македонија > хроника ■ 29-Apr 14:44 -> 30-Apr 16:45
.
.
.
.

Димитровска: Комуникацијата со обвинетиот во „Адитив“ не е поврзана со случајот, тој ми е семеен пријател

  • Не одавав службени тајни, само комуницирав со семеен пријател

  • Осомничената Димитровска не поднесува оставка: Комуницирав со семеен пријател, разговорите не беа поврзани со сличајот

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, се огласи по повод информациите за нејзина комуникација со лице обвинето во случајот „Адитив“, нагласувајќи дека разговорите немале никаква поврзаност со предметот.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска вели дека не праќала тајни податоци на обвинет во случајот „Адитив“ туку тој ѝ бил семеен пријател и комуницирале како пријатели.

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, осомничена во случајот „Адитив“, поради сомнеж дека откривала службени тајни на еден од осомничените во случајот, преку писмо до јавноста објаснува дека имала пријателска комуникација со еден од осомичените во „Адитив“, кој и бил семеен пријател.

7 (20) ■ вести > македонија ■ 29-Apr 08:34 -> 01-May 07:59
.
.
.
.

ССМ денес на протест за повисоки плати и подобри услови за работа

  • КСС нема да учествува на протестот на ССМ по повод 1 Мај

  • Трендафилов: На утрешниот протест нема да се делат сендвичи

Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот 1 Мај со синдикален протест барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а по повод 1 Мај, рече денеска нејзиниот претседател Благоја Ралповски.

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите оние кои се грижат за благосостојбата на работниците да се приклучат на утрешниот протест, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

8 (38) ■ вести > свет ■ 29-Apr 06:58 -> 30-Apr 16:03
.
.
.
.

Трамп: Нема да му дозволам на Путин да ја преземе цела Украина

  • Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

  • „ГОЛЕМА ПОБЕДА ЗА ТРГОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ“: постигнат е договор - автомобилите ќе „куртулат“ од царини

  • Трамп одбележа 100 дена на власт со голем митинг полн со критики кон другите и пофалби за себе

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, зборуваше за војната во Украина за време на синоќешното интервју за ABC News.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека доколку земјата продолжи со војната со Русија, таа ќе биде многу брзо уништена.

Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник потврди дека е постигнат договор со производителите на автомобили за ублажување на царините, во уште еден потенцијален пресврт на политиката што би можел да донесе големо олеснување за индустријата во кризата која настана по воведувањето на тарифите.

Американскиот претседател Доналд Трамп одбележа 100 дена од преземањето на претседателската функција со голем митинг во градот Ворен, во сојузната држава Мичиген – регион познат како срцето на автомобилската индустрија.

10 (16) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 30-Apr 10:35 -> 30-Apr 18:08
.
.
.
.

Кривична за 50-годишен охриѓанец за силување малолетничка

  • Кривична за лихварство за две лица од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.Д.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, казниво по чл.23 од Кривичниот законик, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик, како и против Љ.Д.(35) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело по член 24 од Кривичниот законик „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, казниво по член 260 од Кривичниот законик.

12 (30) ■ вести > македонија ■ 29-Apr 09:25 -> 30-Apr 14:03
.
.
.
.

Мицкоски од Валенсија: Делегацијата на ВМРО – ДПМНЕ на панел во организација на ЕПП за демографската криза

  • Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија

  • Мицкоски: Процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми

  • Од владата известија за најновата прошетка на премиерот и дел од министрите.

Делегацијата од ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, која е на дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), што се одржува во Валенсија, Шпанија, денеска учествувала на панел во организација на ЕПП, посветен на одговарањето на демографската криза, тема која бара итно внимание и заеднички ангажман за обезбедување одржлива иднина за граѓаните на Европа.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на Конгрес на ЕПП каде порача дека процесот на пристапување кон ЕУ мора да се темели на заслуги и реформи, со јасни критериуми, ова не е услуга што се дава произволно, туку е праведно признание за напорите и реформите.

Ве известуваме дека на 29 и 30 април, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

13 (14) ■ вести > македонија ■ 30-Apr 10:46 -> 30-Apr 17:28
.
.
.
.

Алкалоид со извоз од 57,4 милиони евра, инвестиции од 4,2 милиони евра и вкупни консолидирани продажби од 84,5 милиони евра во периодот јануари – март 2025

  • АЛКАЛОИД – резултати од работењето за периодот јануари – март 2025 година

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

АЛКАЛОИД со извоз од 57,4 милиони евра, инвестиции од 4,2 милиони евра и вкупни консолидирани продажби од 84,5 милиони евра во периодот јануари – март 2025 г. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Повеќе од
оваа категорија

5 (20) ■ спорт > кошарка ■ 30-Apr 11:45 -> 30-Apr 20:32
.
.
.
.

Главчев нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

  • ОФИЦИЈАЛНО: Томица Главчев е новиот претседател на КФСМ!

  • Антиќ: Главчев е вистинскиот избор за напредок на кошарката во Македонија

Томица Главчев, бизнисмен од Гевгелија и долгогодишен кошаркарски работник, е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија на денешната вонредна седница на Собранието на КФСМ.

Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното Изборно Собрание на КФСМ во СЦ „Борис Трајковски“.

КФСМ денеска ќе добие нов претседател во Томица Главчев, а успешниот гевгелиски бизнисмен денеска беше примен од страна на досегашниот прв човек на федерацијата, Перо Антиќ.

19 (7) ■ спорт > фудбал ■ 29-Apr 20:40 -> 01-May 00:21
.
.
.
.

РОНАЛДО ОСТАНА БЕЗ ФИНАЛЕ Jапонски Кавасаки го победи Ал Наср, ќе игра со Ал Ахли за титула

  • Езџјан Алиоски во финалето на азиската Лига на шампиони

Саудиски Ал Наср, предводен од својата најголема ѕвезда, Португалецот Кристијано Роналдо, остана без пласман во финалето во Азиската лига на шампиони, откако вечерва во полуфиналето сензационално беше поразен од јапонски Кавасаки со 3-2. Уште во 10 минута, Ито му донесе водство на Кавасаки од 1-0, но таа предност ја анулираше Садио Мане во 28 минута.

Тимот на Ал Ахли за кој настапува македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, се пласираше во финалето на азиската Лига на шампиони, откако во полуфиналето ја елиминираше екипата на Ал Хилал со 1-3. Алисоки настапи од првата до последната минута, а веднаш во првите секунди доби жолт картон.

Повеќе од
оваа категорија

24 (10) ■ бизнис > економија ■ 30-Apr 12:40 -> 30-Apr 14:08
.
.
.
.

Индустриското производство во март е поголемо за 5,2 отсто во однос на март лани, за три месеци растот е само 2 отсто

  • ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ Просечната каматна стапка на вкупните кредити во март изнесува 5,15%

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани година за два процента, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во март годинава во однос на март лани статистиката регистрира пад на индустриското производство од 1,5 проценти во секторот Рударство и вадење на камен, а пораст од 4,8 проценти во Преработувачка индустрија и од 12,9 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст.

Трендот на намалување на каматните стапки на кредитите продолжува и во март, покажуваат податоците на Народна банка.

52 (8) ■ бизнис > економија ■ 30-Apr 09:59 -> 30-Apr 13:50
.
.
.
.

МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

  • МЕПСО ЌЕ ИСКЛУЧУВА ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ И ЗА 1 МАЈ Мерката ќе се активира, ако има проблеми со електро-преносниот систем

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електро-преносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем, соопшти Министерството за енергетика.

86 (8) ■ бизнис > свет ■ 29-Apr 16:02 -> 30-Apr 10:04
.
.
.
.

ТРАМП И БЕЗОС ВО ВОЈНА Еден потег на милијардерот го налути шефот на Белата куќа

  • Белата куќа му се налути на „Амазон“ по наводите дека планира да ги објавува трошоците од царините на Трамп

Компанијата на милијардерот Џеф Безос „Амазон“ демантираше дека планира да става царини при вкупните цени за наплата на својата веб-страница, откако по информација на американските медиуми претседателот Доналд Трамп се пожали на основачот Џеф Безос, а Белата куќа го нарече потегот „непријателски и политички“.

Белата куќа вчера упати предупредување до основачот на „Амазон“, Џеф Безос, откако беше објавено дека малопродажниот гигант планира да споделува детали со своите клиенти во врска со трошоците за тарифите што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа светските медиуми.

96 (4) ■ бизнис > македонија ■ 30-Apr 15:20 -> 30-Apr 16:23
.

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

  • Успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

„Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја“.

Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја.

162 (5) ■ бизнис > македонија ■ 29-Apr 10:03 -> 29-Apr 11:35
.
.
.
.

Божиновска од Атина: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

  • ▷ Божиновска: Балканот мора да гради заедничка енергетска иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, денеска учествува на 9. Балкански Енергетски самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на 9. Балкански Енергетски Самит што се одржува во Атина, под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија.

163 (5) ■ бизнис > македонија ■ 29-Apr 10:21 -> 29-Apr 12:53
.
.
.
.

Нема ни список на јавни приватни партнерства, а загубите се бројат во милиони евра

  • Склучен договор на 96 години, а лимитот е 35, нема ниту регистар на јавни-приватни партнерства

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Подобрување и унапредување на јавните услуги и инфраструктурните објекти со јавно приватно партнерство“, со цел да се оцени дали преземените мерки и активности за воспоставување и реализација на договори за јавно приватно партнерство (ЈПП) обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема „Подобрување и унапредување на јавните услуги и инфраструктурните објекти со јавно приватно партнерство“, со цел да се оцени дали преземените мерки и активности за воспоставување и реализација на договори за јавно приватно партнерство (ЈПП) обезбедуваат ефикасни јавни услуги и подобрени инфраструктурни објекти.

171 (4) ■ бизнис > економија ■ 29-Apr 13:09 -> 29-Apr 14:40
.
.
.
.

„ЕВРОПА, ВКЛУЧУВАЈЌИ НЀ И НАС, ЌЕ БИДЕ СООЧЕНА СО ПРЕДИЗВИЦИ “ - надлежните предупредуваат на ризици во енергетскиот систем

  • Божиновска и Бислимоски по блек-аутот во Шпанија и Португалија: Преземаме мерки за да се избегне вакво сценарио

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за да се избегне такво сценарио и кај нас, велат во разговор со дописничката на МИА од Атина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на блек-аутот на Пиринејскиот полуостров.

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за да се избегне такво сценарио и кај нас, велат во разговор со дописничката на МИА од Атина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски во однос на блек-аутот на Пиринејскиот полуостров.

176 (4) ■ бизнис > македонија ■ 29-Apr 10:33 -> 29-Apr 11:33
.
.
.

БРЕНДОТ CAFFЀ VERGANO ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА Пивара Скопје го проширува своето портфолио со италијанско кафе

  • Пивара Скопје го проширува своето портфолио со премиум италијанското кафе Caffè Vergnano

Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во текот на денот.

Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во текот на денот.