1 (7) ■ вести > македонија ■ 18-May 13:59 -> 18-May 16:30
.
.
.
.

Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри

  • Мицкоски: Нашиот избор е лојалност кон сопствениот народ, изборот е Македонија, време е за Македонија!

Почитувани членки на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ, Почитувани членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, драги пријатели, наши сограѓани, браќа и сестри.

Денес сме тука да ја одбележиме 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација која е дел од срцето на партијата и главен меѓник и заштитник на женските права, но и она што преставува фундамент на нашите политики, семејството, мајката, жената борец.

3 (19) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 13:26 -> 18-May 16:15
.
.
.
.

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување - барал пари за ослободување на семејство

  • Почина работник при паѓање од градилиште во трговски центар во Охрид

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д..СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

5 (8) ■ вести > македонија ■ 18-May 12:24 -> 18-May 16:15
.
.
.
.

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција

  • Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, изјави Жаклина Пешевска на 20 годишната конференција на УЖ. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, истакна претседателката нЖаклина Пешевска, на 20-тата Годишна конференција на Унијата што се одржува денеска под мотото „Жените громогласни за Македонија“ во Градскиот парк во Скопје.

7 (98) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 10:57 -> 18-May 16:30
.
.
.
.

Мицкоски најави чистка по конгресот: Ќе останат само оние што работат за граѓаните

  • МИЦКОСКИ: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

  • Шесте милијарди евра од Договорот за стратешко партнерство ќе бидат достапни под најдобрите услови на пазарот, најави Мицкоски

  • Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите

По одржувањето на редовниот партиски конгрес на крајот на годинава, или најдоцна на почетокот на 2026 година, ќе следува голема промена во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 20-тата годишна Конференција на Унијата на жени на партијата.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Обединетото кралство ќе биде основата на инвестициски циклус кој ќе има вкупна рамка од пет милијарди фунти односно шест милијарди евра, а условите под кои ќе бидат достапни овие средства се најдобрите што некој може да ги има на пазарот.

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји.

10 (6) ■ вести > македонија ■ 18-May 13:41 -> 18-May 16:30
.
.
.
.

Мицкоски за градењето мигрантски кампови: Ниту ми паднало на памет, ниту било побарано

  • Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови!

Во денешниот говор на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на апртијата и премиер, Христијан Мицкоски, се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава.

Фото: Фејсбук профил/Христијан Мицкоски Во денешниот говор на годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на апртијата и премиер, Христијан Мицкоски, се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава.

11 (23) ■ вести > свет ■ 18-May 06:06 -> 18-May 15:45
.
.
.
.

Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, најмалку 2 мртви и 19 повредени

  • Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

  • Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа кога едрилицата на мексиканската морнарица „Куаутемок“ се урна во Бруклинскиот мост, соопшти градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.„Од 277 лица на бродот, 19 беа повредени, двајца се уште се во критична состојба, а двајца за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на платформата X. Earlier tonight, the Mexican Navy tall ship Cuauhtémoc lost power and crashed into the Brooklyn Bridge.At this time, of the 277 on board, 19 sustained injuries, 2 of which remain in critical condition, and 2 more have sadly passed away from their injuries.

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати 11:42, мај 18, 2025 Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Повеќе од
оваа категорија

31 (35) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 13:15
.
.
.
.

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Ракометарите на Алкалоид тргнаа кон Атина за финалето во Европскиот куп (ФОТО)

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

  • Историско финале за Алкалоид во Атина

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонскиот ракометен тим Алкалоид замина кон Атина каде што в недела ја игра првата средба против АЕК од историското финале во Европскиот куп на ЕХФ.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

Атина – Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

214 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.