Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина. 24info
РК Алкалоид во петокот вечерта пристигна во грчката метропола, а ракометарите вчера го одработија својот тренинг во салата каде што ќе се одигра натпреварот.
Полни со енергија, елан и голема желба за успех, ракометарите на РК Алкалоид ги одработија последните задачи пред натпреварот во рамки на финалето на Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина во Грција, напишаа од клубот на социјалните мрежи и објавија видео од последните подготовки. Frontline
Натпреварот предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во Грција, а пред сè кај навивачите на АЕК, во изминатите денови беа отворени дополнителни блокови од трибините и пуштени во продажба дополнителни билети, а според последните информации, финалето се очекува да го следат 8.000 гледачи, во салата со капацитет да прими 9.000 лица.
Тренерот Лазаров, во вчерашниот разговор со дописничката на МИА од Атина, го коментираше и играњето на гостински терен и дали и колку тоа влијае врз психологијата на ракометарите на Алкалоид. Sitel
Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба. Gol
Ракометарите на Алкалоид максимално фокусирани го дочекуваат неделното прв финале од ЕХФ Европскиот куп против екипата на АЕК.
Македонскиот тим во Атина ќе го очекува пеколна атмосфера, но избраниците на Лазаров се убедени дека ќе одолеат на притисокот од трибините. Ekipa
Од комбинација за настап отпаднаа искусните Костадин Петров и Благојче Трајкоски.
Во составот на АЕК Атина, тренерот Фредерик Бужан не смета на тунискиот голман Амин Бен Чеих, франуцското лево крило Јонатан Азорин, португалскиот лев бек Жилберто Дуарте… Натпреварот меѓу АЕК Атина и тимот на Лазаров се игра вечерва во „Сунел Арена“ со почеток во 18:00 часот. 24rakomet
Оптимизам владее и кај ракометарите и сите зборуваат за тоа дека е потребно да се победи во Атина, а потоа истото да се потврди и на реваншот во Скопје.„Одиме на победа на двата натпревари.
Не се задоволуваме со тоа што сме во финале. Sportmanija