1 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 18-May 12:19 -> 18-May 15:15
.
.
.
.

Мицкоски најавува „големи промени“ во ВМРО-ДПМНЕ и Владата

  • Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

Денеска најавувам дека по редовниот конгрес на партијата на крајот на годината, најдоцна почетокот на следната, ќе има големи промени во партијата и Владата.

Примерот за промени мора да го дадеме ние.

3 (5) ■ вести > македонија ■ 18-May 12:24 -> 18-May 15:00
.
.
.
.

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција - Курир

  • Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, изјави Жаклина Пешевска на 20 годишната конференција на УЖ. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, истакна претседателката нЖаклина Пешевска, на 20-тата Годишна конференција на Унијата што се одржува денеска под мотото „Жените громогласни за Македонија“ во Градскиот парк во Скопје.

7 (22) ■ вести > свет ■ 18-May 06:06 -> 18-May 14:00
.
.
.
.

Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати

  • Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

  • Двајца загинати откако мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост

Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Две лица загинаа, а 19 се повредени, откако висок тренинг брод на мексиканската морнарица се удри во потпорниот столб на Бруклинскиот мост во Њујорк, јави Би-Би-Си. Бродот „Куаутемок“ (Cuauhtémoc), на кој имало 277 лица, останал без струја додека капетанот маневрирал во близина на мостот, соопшти њујоршката полиција.

9 (4) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-May 12:46 -> 18-May 14:00
.
.
.
.

Кривична за кумановски газда и менаџер на локал - пуштале музика додека Македонија жалеше

  • Кумановци пуштале гласна музика за време на Денови на жалост

СВР - Куманово поднесе кривична пријава против Е.М. и А.Р., на возраст од 35 и 25 години, двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.М.(35) и А.Р.(25), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на отпор“.На 22.03.2025, пријавените, во својство на сопственик и управител на угостителски објект и менаџер на угостителскиот објект, пуштале гласна музика и на тој начин не ја почитувале одлуката на Владата на РСМ за денови на жалост по повод трагичната несреќа во Кочани.

10 (22) ■ вести > македонија ■ 16-May 15:12 -> 18-May 12:30
.
.
.
.

Спортско-рекреативен настан „Шпаркасе лајф - прв до врв“

  • Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

  • Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Денес на планината Водно во Скопје ќе се одржи тринаесеттото издание на спортско-рекреативната манифестација „Шпаркасе лајф – прв до врв“.

На 18.05.2025 (недела) во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“) и траса на движење на планинарите со почеток во 10:00 часот од пред О.У.„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно по планинската патека кон Средно Водно, од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“) во Скопје.

Утре во организација на Здружение за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе се одржи тринаесеттото издание на традиционалниот спортско рекреативен настан насловен како „Прв до врв“, со почеток во 09:45 часот.

Повеќе од
оваа категорија

22 (38) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 13:45
.
.
.
.

Лазаров: Да го зграпчиме моментот, европско финале не се игра секоја година…

  • Историско финале за Алкалоид во Атина

  • Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Алкалоид по историјата - започнува финалната битка против АЕК

ЕКИПА во Атина, Стеван Цаневски Кире Лазаров знае што е потребно за да се стигне, но и за да се слави на едно европско финале, па тренерот на Алкалоид ќе стори се за тоа да го пренесе врз својот тим кој е неискусен на ова поле.

Атина – Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен.

Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо!

Повеќе од
оваа категорија

204 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.