Во мај годинава биле издадени 469 дозволи за градење, што е за 80,4% повеќе во однос на истиот период минатата година… Вредноста на предвидените градежни зафати изнесува околу 128 милиони евра, а главно се однесуваат на високоградба со изградба на вкупно 1.037 нови станови… Најголем дел од становите ќе се градат во Скопскиот регион, особено во Општина Центар каде што се планирани 276 стана… Полошкиот регион исто така бележи значителна активност со 146 издадени дозволи и 295 станови, додека Североисточниот регион има најмала градежна активност… Според типот на објекти, 54,4% од дозволите се за високоградба, 22,2% за нискоградба, а 23,5% за реконструкција….
Во мај годинава се издадени 469 одобренија за градење, што е за 80.4 проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.