1 (97) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 18:38
.
.
.
.

Палевски: ЈО извршува политичка наредба и ги злоупотребува моите приложени докази

  • Започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски

  • Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

  • Палчо: Се откажувам од сведочење на мајката, за да не ја вознемируваме

Првообвинетиот Љупчо Палевски, за убиствоот на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, денеска, во Основниот кривичен суд се произнесе дека не се чувствува виновен и дека Основното јавно обвинителство извршува политичка наредба.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе . Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.

Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на рочиштетот денеска кажа дека ќе се откаже од тоа мајката на Вања, Зорица да сведочи.

2 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 12:36 -> 20-Sep 19:30
.
.
.
.

Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме

  • (ВИДЕО) СДСМ: Дали телохранителот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите!?

  • СДСМ: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

  • Тошковски ја посети Комората за приватно обезбедување

МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел граѓаните да бидат безбедни, а службите ги имаат потребните капацитети да делуват во насока соодветна согласно надлежности.

„Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец.

Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Комората за приватно обезбедување, каде истакна дека МВР, како надлежен регулатор на овој аспект во работењето, има за цел континуирано да биде во тек со сите потреби, активности и трендови во приватното обезбедување.

5 (131) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 15:20
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не можеме да прифаќаме, критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

  • Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

7 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Sep 12:51 -> 20-Sep 13:50
.
.
.
.

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер

  • РАКЧИЊА, ТЕЛЕШКИ МУСКУЛ, ЧАДЕН ЛОСОС… Љупчо Николовски потрошил 976.199 денари во кафеани како министер за земјоделие, обвини Петрушевски

  • ВМРО-ДПМНЕ: Николовски додека бил министер за земјоделство потрошил скоро милион денари во кафани

Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе.

Денеска и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДСМ без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе, изјави Бране Петрупешевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

8 (71) ■ вести > свет ■ 18-Sep 08:00 -> 20-Sep 16:30
.
.
.
.

Иран го обвини Израел за терористички напад врз Либан со експлозија на пејџери, Хезболах ветува одмазда

  • Во Либан нов бран експлозии преку рачни радио станици, повредени повеќе од сто лица

  • Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

  • Насрала: Либанскиот фронт нема да престане да ги поддржува луѓето во Газа и на Западниот Брег

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги осуди експлозиите на стотици пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 11 лица, опишувајќи ги како „терористички акт“ за кој, според него, е виновен Израел, пренесува ДПА.

Еден ден откако илјадници членови на Хезболах беа ранети, а некои убиени, во Либан се пријавени неколку експлозии преку рачни радио станици, во кои се повредени повеќе од сто лица.

Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање, објави Си-Ен-Ен, пренесе МИА.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, попладнево го имаше првото појавување по дводневните експлозии низ Либан, во кое зборуваше за тоа како неговата милитантна група има намера да одговори.

9 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 13:19 -> 20-Sep 16:45
.
.
.
.

▷ Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

  • Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата на Основниот кривичен суд Скопје против поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба и овластување и предметот го врати на повторно судење пред првостепениот суд.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

74 (5) ■ бизнис > економија ■ 20-Sep 11:31 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

Работилница на Народната банка: СЕПА ќе донесе заштеда од 16 милиони евра годишно за иселениците и нивните семејства

  • Народна банка со важна вест за граѓаните: Македонија се приклучува на СЕПА

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

По пристапувањето во Единствената област за плаќање со евра (СЕПА), прекуграничните плаќања ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди, додека во моментов тоа трае три дена, во просек и граѓаните од регионот на Западен Балкан имаат повисоки трошоци за шестпати, во просек, за прекуграничните плаќања од граѓаните во ЕУ. Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на работилницата „Европското законодавство за плаќања и СЕПА“.

97 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 20-Sep 11:15 -> 20-Sep 11:57
.
.
.
.

„10 ГОДИНИ БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“ Азески ќе говори на Бизнис-форумот во Германија

  • ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес – Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ”, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум Бранко Азески следната недела, на 24 септември во Берлин, Германија, ќе биде говорник на Бизнис форумот кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес на тема „10 години Берлински процес - Западниот Балкан како економска област на патот кон ЕУ“, и ќе биде дел од состанокот на министрите за економија на Западен Балкан, кој ќе се одржи по завршувањето на Бизнис Форумот.

185 (8) ■ бизнис > економија ■ 18-Sep 12:15 -> 18-Sep 15:05
.
.
.
.

НБ: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 п.п.- задржан внимателниот карактер на монетарната политика

  • Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени

На 17 септември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка.