Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица од Скопје за измама, фалсификување или уништување деловни книги, даночна измама и даночно затајување.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица и тоа против: И.Ѓ. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво заиздавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, ФАЛСИФИКУВАЊЕ ИЛИ УНИШТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ согласно член 280 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.С.М., ДАНОЧНА ИЗМАМА по чл.279-а ст.2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Р.С.М., и ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Р.С.М. против Р.Ѓ. поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ИЗМАМА согласно член 247 став 4 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИ КНИГИ согласночлен 280 в.в. со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.С.М. против Д. Н. во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштвоза градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ДАНОЧНА ИЗМАМА по чл.279-а ст.1 со член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.С.М. и ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ по член 279 ст. 2 в.в. ст.1 од Кривичниот законик на Р.С.М. против Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје, , поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ чл.279 ст.1 в.в со ст. 4 од Кривичниот Законик на Р.С.М. и ДАНОЧНА ИЗМАМА чл. 279-а ст. 2 и 4 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија и против Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело дела ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ чл.279 ст. 4 в.в. ст.1 од Кривичниот Законик на Р.С.М. Првопријавениот И. Ѓ. во својство на сопственик и управител на правнотолице ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и второпријавениот Р. Ѓ. со цел да се стекнат противправна имотна корист за себе, за четвртопријавениот правен субјект Друштво за издавачка дејност, трговија и услуги ЗДЕНКА-КАБЛИ ВЛ ДООЕЛ Скопје и за петопријавениот правен субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје, во периодот од септември 2021 година до јуни 2022 година го довеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружениеза производство Енергокомплект“ од Република Белорусија, да склучи Договор заиспорака на стока во вредност до 2.000.000 евра на начин што најнапредпрвопријавениот лажно се претставил преку мејл комуникација како лице со друг идентитет (управител на правниот субјект Друштво за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТ ТАТРА ДООЕЛ Скопје) по име Б. Ј. иако таков управител не постои, по што заедно со второпријавениот Р. Ѓ. составиле и употребиле повеќе документи со невистинита содржина со што заеднички го довеле и држеле во заблуда правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ претставувајќи го Друштвото за градежништво ГРАДЕЖНИК МОНТТАТРА ДООЕЛ Скопје дека е солвентен и сериозен правен субјект со кој може да склучи договор, врз основа на што правниот субјект Друштво со ограничена одговорност „Здружение за производство Енергокомплект“ од Р. Белорусија им испорачувал производи – кабел и жица се до крај на месец јули 2022 година кога од страна на пријавените лица се прекинал секаков контакт и истите не ја платиле испорачаната стока.