Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски истакна дека државата има тотално нефункционален систем кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави и дека е потребно креирање на функционален систем преку создавање на квалитетна законска легислатива.
Потребно е време за да има системски решенија за справување со пожари, поплави, земјотреси во земјава, како и создавање на една функционална институција.