1 (5) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 13:46 -> 28-Mar 13:54
.
.
.
.

Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите, тврди Јакимовски

  • Стевчо Јакимовски: Сопствениците на ноќните клубови „Пјур“ и „Мош“ се сива еминенција

Од досегашната контрола на станбените објекти во општина Карпош утврдено е дека само една од 800 згради во општината ги исполнува сите законски прописи за безбедност, соопшти денеска градоначалникот на општина Карпош.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, давајќи отчет за безбедносните контроли, пред медиумите рече дека двата популарни ноќни клубови „Пјур“ и „Мош“ одбиваат соработка со општината.

3 (18) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 13:57 -> 28-Mar 13:41
.
.
.
.

Митовски: По хаваријата во „Тораница“ десет пати зголемена концентрација на олово во водата во Крива Река, бараме кривична одговорност

  • Митовски: Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади, бараме кривична одговорност

Извештајот од испитаните примероци на водата во Крива Река земени еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ покажува дека концентрацијата на олово е зголемена за десет пати повеќе од дозволеното, а за неколку стотици пати на цијанид, фосфор и азот, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето долж течението на реката, но и на флората и фауната.

4 (20) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 28-Mar 13:18
.
.
.
.

Силен земјотрес ја стресе Југоисточна Азија, најмногу погодени Мјанмар и Тајланд (Галерија, Видео)

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

  • Би-Би-Си: Зошто е тешко да се добијат информации од Мјанмар

Силен земјотрес ја потресе Југоисточна Азија во петокот, при што загинаа неколку луѓе, урна облакодер во изградба во Бангкок и срамни со земја згради во соседен Мјанмар, каде што владејачката хунта прогласи вонредна состојба во некои области.

Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд, а бил почувствуван и во југозападна Кина.

Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.

7 (13) ■ вести > македонија ■ 27-Mar 21:00 -> 28-Mar 13:52
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Како врховна командантка се гордеам со нашата Армија, важен актер во НАТО

  • Силјановска Давкова истакна: Ваква солидарност немало досега

Нашиот влог во Алијансата е истовремено и влог во Армијата, во бедемот на територијалниот интегритет и независноста на нашата Република, рече претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова на свеченоста по повод 5. годишнината од пристапувањето на Македонија во НАТО, што се одржува во касарната „Илинден“ во Скопје.

Мојата порака е да ги оставиме конфликтите, недоразбирањата, уште малку да се воздржиме за да ги решиме овие најголеми проблеми што се појавуваат, да сториме се за да не дозволиме вакво нешто повторно да се случи, да извлечеме поуки за функционалното, нефункционалното, да градиме здрав систем, функционален.

12 (4) ■ вести ■ 28-Mar 13:01 -> 28-Mar 13:25
.
.
.

▷ Посебен режим на сообраќај во Скопје

  • Планирајте си со време: Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.3.2025) со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје ги известува граѓаните дека во недела (30.03.2025) со почеток од 10.00 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

13 (15) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 09:05 -> 28-Mar 12:38
.
.
.
.

МЖСПП: 200.000 евра казна за „Булмак“ поради прекршок од трета категорија

  • Фирма од Крива Паланка ќе се олесни за 200.000 евра: Ресорното министерство жестоко ги казни

Инспекторатот за животна средина на 24 март утврдил дека Булмак 2016 дооел Пробиштип – подружница Рудник Тораница, Крива Паланка сторил прекршок од трета категорија, при што сторителите биле согласни за поведување постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Повеќе од
оваа категорија

34 (35) ■ спорт ■ 26-Mar 02:03 -> 28-Mar 12:02
.
.
.
.

Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер

  • Ѓоковиќ го победи Музети и се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

  • Ѓоковиќ почна лошо и се искара со судијата, па го збриша Мусети!

  • Ѓоковиќ ита кон седмата титула во Мајами

Новак Ѓоковиќ продолжува да бележи победи на Мастерсот во Мајами и да поставуваат рекорди.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами, откако рано утринава го совлада Италијанецот Лоренцо Муци со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2. Натпреварот траеше час и 23 минути, а тоа беше 412-та победа на Ѓоковиќ на турнирите од Мастерс серијата.

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 2-0 (6-2, 6-2) во сетови против Лоренцо Мусети.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето од Мастерсот во Мајами откако вечерва во два сета (6-2, 7-6) славеше против Себастијан Корда од САД.

Повеќе од
оваа категорија

227 (4) ■ бизнис > економија ■ 26-Mar 13:43 -> 26-Mar 14:36
.
.
.
.

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

  • ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. - Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА - информира портпаролот.

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот.