1 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 18-May 11:19 -> 18-May 15:45
.
.
.
.

Пратеникот од Струга, Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

  • Салим Сулејмани поднесе оставка од пратеничката функција и од сите партиски функции во Алијанса на Таравари

  • Пратеникот Сулејмани си поднесе оставка од функциите во партијата и во Собранието

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

Пратеникот Салим Сулејмани денеска преку социјалните мрежи си поднесе оставка.

Пратеникот Салим Сулејмани денеска ја информираше јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во рамки на Алијансата за Албанците, како и од функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија.

2 (19) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-May 13:26 -> 18-May 16:15
.
.
.
.

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување - барал пари за ослободување на семејство

  • Почина работник при паѓање од градилиште во трговски центар во Охрид

На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со Џ.Д.(36) од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Д..СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил работникот Ѓ.Д.(58) од Охрид.

4 (104) ■ вести > македонија > политика ■ 16-May 10:57 -> 18-May 16:45
.
.
.
.

Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата на крајот на годинава или на почетокот на наредната, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид Нов договор за Македонија

  • Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

  • Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија

Примерот за промени мора да го дадеме ние.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, меѓудругото во своето обраќање на годишната 20 по ред Конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна и на договорот со Обединето Кралство за кој како што рече е договор за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области кои се од клучно значење за државата.

Договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство е историски настан за нас, и ќе овозможи инвестициски циклус од пет милијарди фунти или околку шест милијарди евра во делот на инфраструктурата, железницата, транспортот, здравтсвото, итн., изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана на која беше постигната согласност за договорот.

Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија На Самитот во Тирана премиерот Мицкоски ќе оствари средбa со премиерот на Обединетото Кралство Кир Стармер.

6 (8) ■ вести > македонија ■ 18-May 12:24 -> 18-May 16:15
.
.
.
.

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција

  • Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, изјави Жаклина Пешевска на 20 годишната конференција на УЖ. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество.

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија, истакна претседателката нЖаклина Пешевска, на 20-тата Годишна конференција на Унијата што се одржува денеска под мотото „Жените громогласни за Македонија“ во Градскиот парк во Скопје.

9 (23) ■ вести > свет ■ 18-May 06:06 -> 18-May 15:45
.
.
.
.

Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, најмалку 2 мртви и 19 повредени

  • Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

  • Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа кога едрилицата на мексиканската морнарица „Куаутемок“ се урна во Бруклинскиот мост, соопшти градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.„Од 277 лица на бродот, 19 беа повредени, двајца се уште се во критична состојба, а двајца за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на платформата X. Earlier tonight, the Mexican Navy tall ship Cuauhtémoc lost power and crashed into the Brooklyn Bridge.At this time, of the 277 on board, 19 sustained injuries, 2 of which remain in critical condition, and 2 more have sadly passed away from their injuries.

Брод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.

Трагедија во Њујорк откако брод удри во мост, двајца загинати 11:42, мај 18, 2025 Две лица загинаа, а 19 се повредени, од кои две се во критична состојба, откако брод за обука на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост во Њујорк, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Повеќе од
оваа категорија

27 (35) ■ спорт > македонија ■ 16-May 11:34 -> 18-May 13:15
.
.
.
.

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

  • Ракометарите на Алкалоид тргнаа кон Атина за финалето во Европскиот куп (ФОТО)

  • Од понеделник во продажба билетите за реваншот Алкалоид – АЕК

  • Историско финале за Алкалоид во Атина

Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонскиот ракометен тим Алкалоид замина кон Атина каде што в недела ја игра првата средба против АЕК од историското финале во Европскиот куп на ЕХФ.

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот.

Атина – Атински АЕК во 18 часот по македонско, во 19 часот по локално време, денеска го пречекува РК Алкалоид во првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп во олимписката сала „Сунел арена“, што се очекува да биде речиси целосно исполнета, но и покрај тоа, атмосферата во македонскиот тим, според тренерот Кире Лазаров е одична и со позитивно размислување ќе излезат на терен, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

214 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-May 15:37 -> 16-May 17:24
.
.
.

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

  • 89 ЕВРА ЗА МЕГАВАТ ЧАС СТРУЈА НА УНГАРСКАТА БЕРЗА HUPX На македонската берза МЕМО бројката изнесува 92,88

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 52,86 евра за мегават час, а на MEMO 58,34 евра.

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 мај просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 89 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 92,88евра/mwh, соопштија од ЕДС Инфо поинт.