Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, во изјава за медиумите тврди дека не можело да се случи примопредавање на писмена изјава меѓу обвинетите Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов бидејќи протоколите за спровод на притворени лица го оневозможуваат тоа.
Адвокатот на Влатко Кешишов, Игор Ефремов, по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара обвинителството да утврди како Љупчо Палевски Палчо успеал да му даде писмо на неговиот клиент, кое потоа го натерал да го препише и потпише.
На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.
Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека изјавата на Влатко Кешишев која ја промени и го амнестираше Палевски од вина нема да влијае врз постапката.