Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност. Plusinfo
„Бели мугри“ ги содржи и најпознатите песни „Денови“, „Ленка“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „Елегии за тебе“, „Уторото над нас“ и „Татунчо“ како и „На Струга дуќан да имам“ и „Проштавање“.
„Бели мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори за антологија на болките и на страдањата на македонскиот народ, за експлоатација на тутунопроизводителите, за маките на монополските работници и на надничарите како во Велес така и во Македонија, пред почетокот на Втората светска војна. Plusinfo