1 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Oct 10:18 -> 04-Oct 13:46
.
.
.
.

Се подготвува правилник за премин на доктори од приватното во јавното здравство

  • Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело

  • Лекари од приватните клиники ќе можат да се вратат во јавното здравство, Владата ја укина забраната од 2022 година

Во Министерството за здравство се подготвува правилник за премин на доктори од приватна во јавна установа.

Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска вети дека ќе направи се во координација со Министерството за финансии барем на половина од средно медицинскиот кадар кој работи со договор да биде вработен во јавните здравствени установи.

Владата ја укина забраната за докторите од приватните клиники да не можат да се вратат во јавното здравство и наскоро тие ќе може да се вратат, рече министерот за здравство Арбен Таравари.

3 (12) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 04-Oct 13:22 -> 04-Oct 14:40
.
.
.
.

Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“

  • Постапка и мерки на претпазливост за шест затворски полицајци од КПУ Идризово

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И. И. (37), Ј. А. (36), И. Ј. (50), Д. П. (34), Ф. Б. (31) и В. Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ. -Пријавените И. И. и Ј. А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 1 февруари 2023 година, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И. И. и Ј. А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј. Р. , И. Ј. , Н. Б. , С. С. , Р. К. , И. Р. и Е. С. , соопшти МВР.

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, започна предистражна постапка против шест затворски полицајци вработени во КПУ Идризово.

4 (31) ■ вести > свет > регион ■ 04-Oct 10:06 -> 04-Oct 15:00
.
.
.
.

(ФОТО+ВИДЕО) Неколку лица загинаа во поплавите и свлечиштата во Босна и Херцеговина

  • Најмалку 14 загинати во поплавите во Јабланица: „Ова се пронајдените од спасувачите“

  • Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

  • (ВИДЕО) Слики на ужасот: Буквално исчезна пат кај Јабланица, медиумите во Босна шпекулираат со над 10 мртви

Неколку лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика свлечишта, одрони и одлив на реки во некои од централните и јужните подрачја во Босна и Херцеговина.

Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.

Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Klix.ba, бројот на загинати во поплавите и одроните во Јабланица е зголемен на над 10 лица.

9 (71) ■ вести > македонија > политика ■ 02-Oct 09:25 -> 04-Oct 14:34
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, нема покачување на минималната плата

  • Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

  • Филипче: Дупката која се создава во пензискиот фонд со зголемувањето на пензиите е 10 милиони евра месечно

ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот, а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ велат од СДСМ по денешната изјава на премиерот во врска со барањето на Филипче за затворена седница за евроинтеграциите.

Соопштение на СДСМ: Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците.

Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ветувањето за зголемување на пензиите не е исполнето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и дека сега со ова покачување се прави дупка во пензинскиот фонд од 10 милиони евра месечно.

11 (110) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 03-Oct 08:38 -> 04-Oct 12:20
.
.
.
.

Ден на жалост во Прилеп

  • Во Прилеп утре Ден на жалост по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

  • Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

  • Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост

Денешниот ден, петок 4 октомври е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица кои вчера изутрината загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола.

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

12 (4) ■ вести > македонија ■ 04-Oct 14:15 -> 04-Oct 14:21
.
.
.
.

По најавата за обилни врнежи: Ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита и критичните точки

  • ▷ По најавите за обилни врнежи, ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита согласно најавите од УХМР дека под влијание на циклонска активност деновиве во земјава ќе има врнежи, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се ставени во функција сите расположливи средства за чистење на речните корита согласно најавите од УХМР дека под влијание на циклонска активност деновиве во земјава ќе има врнежи, наместа пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер.

13 (4) ■ вести > македонија ■ 04-Oct 14:13 -> 04-Oct 14:45
.
.
.
.

Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме, вели Мисајловски

  • Во овој момент не размислуваме за враќање на задолжителниот воен рок, вели Мисајловски

Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме како Влада, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици и да се направи посебна анализа од Генералштабот, па потоа да се размислува за вакво прашање.

Идејата за враќање на задолжителниот воен рок е одлична за размислување, но во овој момент тоа не го разгледуваме како Влада, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, посочувајќи дека треба да се разгледаат сите безбедносни предизвици и да се направи посебна анализа од Генералштабот, па потоа да се размислува за вакво прашање.

Повеќе од
оваа категорија

127 (12) ■ спорт > фудбал > мак фудбал ■ 02-Oct 10:55 -> 03-Oct 10:00
.
.
.
.

Милевски: Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации

  • Милевски го објави списокот на играчи за гостувањата кај Латвија и Ерменија

Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега, изјави селекторот Милевски, пренесе ФФМ, пред натпреварите со Летонија на 10 октомври и со Ерменија три дена подоцна, двата на гости, во лигата Ц на Лигата на нации Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски го објави списокот со 25 фудбалери за двата натпревара на гости во Лигата на нации на Европската фудбалска унија (УЕФА), со Летонија на 10 октомври и со Ерменија три дена подоцна.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот со повикани фудбалери за двата гостински натопревари од Лигата на нации, против Латвија и Ерменија.

Повеќе од
оваа категорија

205 (4) ■ бизнис > македонија ■ 03-Oct 11:51 -> 03-Oct 12:40
.
.
.
.

ГРОЗЈЕТО ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ПО ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКА ЦЕНА Раце ќе тријат и тутунарите, сливарите, јаболкарите…

  • Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, историски највисока цена на грозјето и многу други проекти

Во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

206 (4) ■ бизнис ■ 03-Oct 10:39 -> 03-Oct 12:55
.
.
.
.

НА ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И РОМАНЦИТЕ ИМ СЕ СПОИЈА ЖИЧКИТЕ До кога ќе плаќаат многу поскапа струја од „западњаците“, нели се сите заедно во ЕУ?!

  • Министрите за енергија на ЕУ на 15 октомври ќе расправаат за проблемот со скапата струја во ЈИЕ

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

Барањето на Бугарија, Грција и Романија за интервенција на Европската комисија во врска со стандардно повисоките цени на струјата на енергетскиот пазар во Југоисточна Европа во споредба со оние во земјите од Западна Европа, ќе се најде на дневен ред на заседанието на министерскиот Совет за транспорт, телекомуникации и енергија на ЕУ, предвидено за 15 октомври во Луксембург.

269 (4) ■ бизнис > економија ■ 02-Oct 14:15 -> 02-Oct 21:10
.
.
.
.

“Кажи YES за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка“: Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3%

  • Кажи „YES“ за фиксна рата, нова примамлива понуда од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапкиПочнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.

Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3% Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата.