1 (67) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Nov 10:08 -> 25-Nov 19:10
.
.
.
.

Директорот на затворот во Шутка тврди дека немало предавање на писмо при спроводот на Палевски и Кешишов ниту кршење на протоколите

  • Адвокатот на Кишишев: Мојот клиент од страв го препишал и потпишал писмото што му го дал Палевски

  • Сведочење на вработен во „Safe city“ за двојното убиство на Вања и Панче

  • Доказите против Палевски се цврсти, вели обвинителката Стојковиќ-Димитровска

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Бобан Утковски, во изјава за медиумите тврди дека не можело да се случи примопредавање на писмена изјава меѓу обвинетите Љупчо Палевски-Палчо и Влатко Кешишов бидејќи протоколите за спровод на притворени лица го оневозможуваат тоа.

Адвокатот на Влатко Кешишов, Игор Ефремов, по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара обвинителството да утврди како Љупчо Палевски Палчо успеал да му даде писмо на неговиот клиент, кое потоа го натерал да го препише и потпише.

На денешното судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Мирче Мирчевски, вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот „Безбеден град“ („Safe city“). Тој изјави дека на 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување на подрачје на град Скопје.

Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство на Вања и Панче пред да почне судењето во 10 часот даде изјава за медиумите во која рече дека изјавата на Влатко Кешишев која ја промени и го амнестираше Палевски од вина нема да влијае врз постапката.

2 (112) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Nov 08:54 -> 25-Nov 16:52
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

  • Филипче за новата заменик-претседателка на СДСМ: Фани Каранфилова Пановска цврсто верува во социјалдемократските вредности

  • ФИЛИПЧЕ ПО КОНГРЕСОТ: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

  • Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДС

Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија.

Имаше одлична сила, енергија и ентузијазам видлив кај сите присутни.

По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.

Новата Заменик-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фани Каранфилова-Пановска, на вчерашниот 30-ти Конгрес на СДСМ порача функцијата со себе носи огромна одговорноста пред членовите на партијата и пред граѓаните.

4 (14) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Nov 10:42 -> 25-Nov 23:02
.
.
.
.

Моника Зајкова не сака да верува дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за нејзина смена во ЛДП

  • Иницијативниот одбор на ЛДП бара оставка од Зајкова

„Не сакам да верувам дека екслидерот Горан Милевски стои зад иницијативата за моја смена во партијата и не разговарам со него за работи кои се случуваат во партијата бидејќи не сакам да го ставам во незгодна ситуација да го крши законот, но доколку свесно го прави тоа, бидејќи ја гледам структурата на луѓето во овие иницијативи, тогаш тоа повеќе не е моја работа, туку на Министерството за надворешни работи“, одговори претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашана дали зад иницијативата, всушност, се крие поранешниот претседател на партијата, а сегашен амбасадор на земјава во Словенија.

Иницијативниот одбор на ЛДП смета дека Зајкова треба да ги следи стапките на Димитар Ковачевски и да си поднесе оставка.

7 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 25-Nov 13:29 -> 25-Nov 22:58
.
.
.
.

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешен министер за култура Хусни Исмаили

  • Кривична против поранешниот министер за култура, го оштетил буџетот за 31.824.000 денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Х. И. поранешен министер во Министерството за култура , поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Хусни Исмаили, поранешен министер во Министерството за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата, од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Повеќе од
оваа категорија

32 (8) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 12:42 -> 25-Nov 13:41
.
.
.
.

Мицкоски: До крајот на неделава ќе бидат дефинирани условите за унгарскиот кредит за стопанството

  • МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.

До крајот на неделава ќе бидат целосно дефинирани условите за добивање средства од унгарскиот кредит за стопанството во износ до 250 милиони евра, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски и ги повика компаниите да подготват добри издржани проекти и добар бизнис план за да можат да аплицираат за добивање на средства по поволни услови.

93 (4) ■ бизнис > економија ■ 25-Nov 09:05 -> 25-Nov 10:35
.
.
.
.

СТОПАНСКАТА КОМОРА ЈА ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Беше разговарано за учество на локалните компании во проектите за Коридорите 8 и 10д

  • Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека ја продолжува соработката со „Бехтел и Енка” преку презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување.

Како дел од континуираните активности за унапредување на локалниот синџир на снабдување на проектот за автопатиштата од Коридорите 8 и 10д, претставници на Конзорциумот „Бехтел ЕНКА“ ја презентираа платформата за соработка пред вработените во регионалните канцеларии на Стопанската комора на Северна Македонија во Прилеп и во Битола.