По поплавите што вчера ја зафатија БиХ, најтешка е состојбата во општина Јабланица, каде што најголем број урнати згради и објекти се под вода, а истото е и во Трусина и Бутуровиќ Поље, јави телевизијата БХТ1.
Во поплавите што ја зафатија Јабланица, во БиХ, загинале најмалку 14 лица, соопшти раководителот на Секторот за односи со јавноста, Дарко Јукан.
Централните делови на неколку градови во северниот дел на Херцеговина и централна Босна се целосно поплавени, а најтешка е состојбата во Јабланица, која е целосно изолирана поради поплавите.
Најмалку 21 лице го загуби животот во поплавите во Босна и Херцеговина.