1 (50) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 21:32
.
.
.
.

Обвинетите биле во црква еден месец пред убиството на Вања и Панче

  • Судење за убиствата на Вања и Панче: Осомничените се подготвувале за убиствата

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

  • Имало неуспешен обид за грабнување на Вања

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството презентираше снимки, на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Четворицата обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, според доказите на Обвинителството од надзорните камери од дворот на куќата на Велибор Манев се подготвувале за извршување на убиството на Жежовски.

Основното јавно обвинителство Скопје донело решение дека барањето за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.

На предлог на Обвинителството на денешното рочиште беа изведени шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, каде се наоѓа материјал од безбедносните камери, што ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24-часовен надзор.

2 (70) ■ вести > свет ■ 20-Feb 07:30 -> 21-Feb 22:12
.
.
.
.

Келог: Долги и позитивни разговори со Зеленски, „борбен и храбар лидер“

  • Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет

  • Џеј Ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

  • ▷ Средба Зеленски – Келог: Силни односи Украина – САД ќе бидат од корист за целиот свет

Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имаше средба со специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, за која информираше на социјалните мрежи.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека таквите изјави може сериозно да ги нарушат односите меѓу Киев и Вашингтон и да предизвикаат контраефект на Зеленски, пренесува Анадолија.

Откажана е планираната прес-конференција на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот претставник на САД за Украина – Кит Келог.

3 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 15:26 -> 21-Feb 19:01
.
.
.
.

Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии

  • ОДОБРЕНИ СЕ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГЕРСКИОТ ЗАЕМ Бизнисот бара пониски царини и полесни даночни процедури

  • Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација.

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така.

4 (32) ■ вести > свет ■ 20-Feb 08:12 -> 21-Feb 21:08
.
.
.
.

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

  • Бруталноста на чудовиштата на Хамас нема граници, вели Нетанјаху

  • Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст

  • Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ . Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари денеска изјави дека киднаперите од палестинската милитантна група Хамас ги убиле децата Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“ неколку недели по нивното киднапирање на 7 октомври 2023 година, во јужен Израел, чии тела му беа предадени на Израел во четвртокот.

Радикалите од движењето Хамас предале непознат труп наместо телото на заложникот Шири Бибас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и го нарече „сурово и одвратно кршење на договорот“.

Палестинската милитантна група Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници на Црвениот крст во Појасот Газа.

Официјален претставник на Хамас денеска изјави дека телото на заложничката Шири Бибас, што утринава беше предадено на Израел, најверојатно по грешка било идентификувано со телата на другите заложници кои загинале под урнатините во Појасот Газа.

7 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Feb 11:47 -> 21-Feb 21:06
.
.
.
.

Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

  • Меџити: Минчев да не се однесува како копија на Апасиев, правичната застапеност на Албанците во институциите е уставна категорија

Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.

Минчев да се откаже од реториката на Димитар Апасиев и да не се однесува како негова копија – му порача првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на својот владин колега од редовите на Движењето ЗНАМ – министерот за јавна администрација Горан Минчев.

9 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Feb 12:23 -> 22-Feb 07:24
.
.
.
.

Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

  • (Видео) Мицкоски од Вашингтон: Прво завршени преговори, потоа уставни измени

  • 📽️ МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ЈА ПОДДРЖУВА ПОЛИТИКАТА НА ТРАМП Мицкоски силно го поддржа стратешкото партнерство на нашата земја со САД

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

Како нација сме претрпеле премногу понижувања и сме прифатиле многу лоши договори во име на повисоки цели за евроатлантските интеграции, за земјава, не е ниту на почетокот на патот членство во Европската Унија, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на настанот во Атлантскиот совет во Вашингтон.

На говорницата на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски беше претставен како поддржувач на политиката на Доналд Трамп, дури и пред тој да биде избран за претседател на САД, а Македонија еден од големите стратешки партнери на Америка.

Повеќе од
оваа категорија

5 (24) ■ спорт > фудбал > лига на шампиони ■ 20-Feb 07:55 -> 21-Feb 16:41
.
.
.
.

Извелечени паровите за осминафиналето во ЛШ: Две градски пресметки и едно големо европско дерби!

  • Спектакуларни дуели во осминафиналето на Лигата на шампионите

  • Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ

Денеска во Нион беа извлечени осминафиналните парови за Лигата на шампионите, а оваа фаза ќе ни донесе неколку навистина интересни дерби пресметки.

Денеска во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи утре од 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

42 (11) ■ спорт ■ 20-Feb 22:20 -> 21-Feb 09:32
.
.
.
.

ВИДЕО: Едноставно херој – Интервенцијата на Митревски во последната секунда за победа на Пелистер!

  • Динамо удри во ѕидот на Никуч, Пелистер остана „жив“ во ЛШ!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски е херојот на Пелистер во денешната победа од 25-24 против Динамо Букурешт во 12. коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер продолжи со насапите во Лигата на шампионите и се соочи со романски Динамо Букурешт со кого одигра победнички во Битола, во меч кој заврши со резултат 25-24 (12-13). Јунак на средбата беше голманот Никола Митревски, кој го фати последниот напад на Динамо Букурешт и ја заврши средбата со 16 одбрани и воедно ги остави пелистерци во игра за плеј-оф. Распоредот не им оди во прилог на битолчани, ги чекаат мечеви со Фуксе Берлин и ПСЖ, но сонот се уште живее...

Повеќе од
оваа категорија