Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во однос на дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во тек на пратеничките прашања вели дека во Собранието треба да се мерат зборовите и оти, како што посочува, не е лошо човек да се извини.
Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Света Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и седум дена по скандалот во Собрание, е на ставот дека не погрешила и нема да ѝ се извини на пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска по дискусијата во Собранието, но од граѓаните побара трпение.