Американскиот претседател Доналд Трамп ги бранеше новите високи царини против долгогодишните економски партнери на САД, како Канада и Мексико, во своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот по враќањето на функцијата.
Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. -Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки.
Американскиот претседател Доналд Трамп му порача денеска на канадскиот премиер Џастин Трудо дека САД ќе воведат дополнителни реципрочни царини кога Канада ќе воведе возвратни тарифи за американски стоки откако стапија во сила американските царини од 25 отсто за увоз на стоки од Канада во САД.