1 (32) ■ вести > македонија > хроника ■ 09-Feb 13:10 -> 11-Feb 01:12
.
.
.
.

Дојавите за бомби во училиштата се испратени од привремени мејлови и затоа е тешко да се влезе во трагата на испраќачот, вели Тошковски

  • „Сејф сити“ треба да почне да функционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот Тошковски

  • За пет дена, секој втор возач што бил сопрен од полиција направил прекршок

  • Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека дојавите за бомби кои беа упатени до училишта во државата во петокот, се испратени од привремени мејлови кои се бришат за само еден час по испраќањето на заканувачките пораки.

Системот „Сејф сити“ треба да профункционира од 1 јануари 2026 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Тошковски рече дека за овој систем за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци да почне да работи, освен поставување техничка инфраструктура, треба да се усогласат низа закони.

За пет дена, од 5 444 исконтролирани возачи во Скопје, констатирани се 2 592 прекршоци, што значи дека речиси секој втор кој што бил запрен, сторил некаков прекршок, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки, денеска најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на трибината со наслов „Суштината на проблемот – лоши закони или лоша примена?“. Тој истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „безбеден град“.

2 (62) ■ вести > свет > регион ■ 09-Feb 08:17 -> 10-Feb 21:17
.
.
.
.

Таравари: На Косово му е потребно Курти да владее

  • Заврши гласањето на парламентарните избори во Косово

  • Курти прогласи победа, но ќе мора да бара партнери за владата

  • НОВА ПОБЕДА ЗА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, НО МОРА ДА КОАЛИЦИРААТ - еве ги резултатите од изборите во Косово

Министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на дел од Алијанса за Албанците ги оцени како добри резултатите што ги освои Движењето Самоопределување, на актуелниот премиер Албин Курти на парламентарните избори во Косово и изрази очекување дека тој ќе ја предводи идната влада самостојно или во коалиција со некоја од партиите кои влегуваат во Парламентот.

Во 19 часот се затворени гласачките места на денешните први редовни, а вкупно девети парламентарни избори во Косово од прогласувањето на независноста.

Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9 февруари, но нема да може сам да формира влада.

Премиерот Албин Курти и неговата левичарска националистичка партија Самоопределување (ВВ) победија на парламентарните избори на Косово, покажуваат излезните анкети и првичните резултати на Централна изборна комисија (ЦИК). Но владејачката партија предводена од Курти најверојатно ќе зависи од коалиционите партнери за да продолжи да владее.

3 (29) ■ вести > свет ■ 10-Feb 07:54 -> 10-Feb 23:15
.
.
.
.

Трамп: Палестинците од Газа нема да имаат право на враќање

  • Ердоган: Никој нема овластување да ги исели Палестинците од Газа

  • Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот повторно го бранеше својот контроверзен план за преселување на Палестинците од Појасот Газа, велејќи дека нема да им биде овозможено да се вратат во областа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа изјави дека никој нема овластување да ги протера жителите на Појасот Газа од територијата зафатена од војна, отфрлајќи го планот на неговиот американски колега Доналд Трамп да ги протера Палестинците и САД да ја преземат контролата.

Американски претседател Доналд Трамп изјави дека Палестинците нема да имаат право на враќање во Газа како дел од неговиот план за раселување.

4 (29) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Feb 08:02 -> 10-Feb 22:00
.
.
.
.

Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева, побараа обвинителот и семејството

  • Почнува судењето против Фадил Зејнелов кој ја уби 29-годишната штипјанка Емилија Пешева

  • Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева, денеска во Основниот суд во Штип на вовоедните и завршни зборови побараа обвинителот во Основното јавно обвинителство и двајцата адвокати на семејството Пешеви.

Во Основниот суд во Штип денеска започнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември минатата година изврши убиство нa 29-годишната Емилија Пешева.

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната Емилија Пешева.

5 (23) ■ вести > балкан > регион ■ 09-Feb 13:01 -> 11-Feb 06:30
.
.
.
.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Санторини – најсилен досега во неколкудневната серија

  • Нова серија земјотреси во близина на Санторини – најсилниот 5 степени

  • Три последователни земјотреси во близина на Санторини меѓу 4 и 4,9 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Во период од 20 минути во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос денеска беа регистрирани три последователни земјотреси со јачина од 4, 4.3 и 4.9 степени според Рихтер, паралелно со серијата помали земјотреси од околу 3 степени.

7 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 10-Feb 20:12 -> 10-Feb 21:59
.
.
.
.

Сообраќајка на патот Охрид-Струга, повредени четири лица, од кои тројца се полицајци

  • Четири лица, од кои тројца полициски службеници, повредени во сообраќајка кај Струга

Во сообраќајна несреќа што вечерва се случи на магистралниот пат Охрид – Струга, поточно кај крстосницата за струшкото село Мислешево се повредени четири лица, од кои тројца се полициски службеници, информираат од СВР Охрид.

Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид - Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.< Според него, незгодата се случила во 17 часот и 33 минути меѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР и „Опел“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на М.А.(52) од Струга.

9 (16) ■ вести > македонија ■ 10-Feb 11:15 -> 10-Feb 20:52
.
.
.
.

МТСП: Освен грубо кршење на законот, градоначалникот на Општина Врапчиште ги прекрши и правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата

  • На -5° градинката во Добри Дол без храна и струја – Врапчиште и министерството во судир на надлежности

Министерството за социјална политика демографија и млади (МТСП) ги информира жителите на Општина Врапчиште дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на Општината во делот на именување на в. д. директор на установата и поставување на в. д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината), иако во јуни 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време.

Без струја и храна за децата остана градинката „Пранвера“ во Добри дол, Врапчиште.

11 (9) ■ вести > македонија ■ 10-Feb 20:16 -> 10-Feb 22:57
.
.
.
.

▷ Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани

  • Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани

По минатонеделните 240 дојави за лажни бомби во училиштата, ќе се ревидира упатството што за такви случаи го изработи Министерството за обравание и наука (МОН) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе биде испратено повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат, информираше вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

По минатонеделните 240 дојави за лажни бомби во училиштата, ќе се ревидира упатството што за такви случаи го изработи Министерството за обравание и наука (МОН) во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе биде испратено повторно до училиштата за да знаат како да се однесуваат, информираше вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија